Connect with us

Инфо +

Последен поздрав за преубавиот глас на Бранка Станковска

Published

on

Почина доајенот на македонското спикерство Бранка Станковска, која генерации гледачи на Радио-телевизија Скопје ја паметат како прва спикерка и водителка на вестите.

– Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука, па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец, дури и по нејзиното пензионирање беше активна и сè уште може да се слушне нејзиниот глас на радиопрограмите. ТОЧНО Е 12:00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!” – објави на Фејсбук нејзината внука Ирина Костовска.


Бранка Станковска е родена во Скопје на 30 април 1931 и е позната како врвен радио и телевизиски спикер и водител. Во Македонската радио-телевизија го поминала целиот работен век (1948-1987).

Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.

Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран со харизматичен глас кој секој сакаше да го слуша. Ќе остане да одѕвонува низ архивите од МРТВ.

Инфо +

Правниот советник на Крис Павловски именуван за заменик директор на ЦИА

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп го именува Мајкл Елис, правен советник во компанијата Рамбл на бизнисменот Крис Павловски, за заменик директор на Централната разузнавачка агенција ЦИА. Елис беше дел од делегацијата предводена од Павловски која ја посети Македонија во јули, а се сретна со премиерот Христијан Мицкоски и при неговата посета на Вашингтон за време на инаугурацијата на Трамп.

Задоволство ми е да го најавам именувањето на Мајкл Елис како заменик директор на Централната разузнавачка агенција. Во мојот прв мандат, Мајкл работеше во Националниот совет за безбедност на Белата куќа, и помогна да се разоткријат примери на злоупотреба на разузнавачките процеси од страна на администрацијата на Обама, со што започна лажната хајка „Русија, Русија, Русија“. Мајкл беше и главен советник на Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом на Конгресот под Девин Нунес, како и главен советник на Националната агенција за безбедност, пред на корумпиран начин да биде отстранет од таму од администрацијата на Бајден. Мајкл е паметен и високо почитуван правник кој дипломираше на универзитетот Јеил и колеџот Дартмут. Тој е правен советник на Рамбл, компанија за социјални медиуми вредна милијарди долари која силно го штити правото на слобода на говор. Тој ќе работи со нашиот фантастичен директор на ЦИА, Џон Ретклиф, ќе ја среди ЦИА, и повторно ќе ја направи најголемата разузнавачка агенција во светот. Честитки Мајкл!, порача Трамп во порака на социјалната мрежа Трут Соушл.

Трамп веќе го именуваше поранешниот конгресмен Нунес за негов советник за разузнавачки прашања, и го задолжи да спроведе реформа на разузнавачките служби. Трамп ги обвинува директорите на разузнавачките служби како ЦИА и НСА за политизирање на нивната работа и за прислушкување на функционери од изборниот штаб на Трамп и неговиот кабинет.

Со постојаните обвинувања на Трамп дека имал наводни некоректни контакти со Русија, разузнавачките служби предизвикаа низа потреси во неговата прва администрација и ја оневозможуваа да се фокусира на спроведување на својата агенда, обвинуваат луѓе од кругот на Трамп. Поради тоа, реформа на разузнавачките служби е еден до врвните приоритети во новиот мандат на претседателот Трамп.

Извор: radioholidej.com.mk

Continue Reading

Македонија

МОРБИДНО: Има ли институција во Македонија која ќе се позанимава со ликов познат како Боби?

Published

on

Ликов што се одѕива на името Боби Илиевски очигледно има проблем со квантумот на бесчувствителност во својата душа, ако воопшто ја има, па почнува безочно и мизерно да напаѓа човек кој е во центарот на емотивен вулкан…

… и за кого терминот овоземски живот повеќе нема да има исто значение.

Кога целата Македонија дише со поливина гради, кога воздухот е траорен а земјата и небото се завиткани во црно за загубата на Фросина, која беше убиена од еден дијаболик…тогаш се јавува овој лик кој се поставува во улога на емотивен проценител на човек кој штотуку загубил чедо.

Дополнително ликов кој се презива Илиевски, го мери секој негов збор, гест, поглед , експресија, небаре станува збор за директен пратеник на синот Божји и истиот носи суд!

Има ли соодветна институција која ќе се позанимава со вакви ликови кои шират омраза, личен дефетизам и бескрајна малициозност ? Добиваме ли нов „Тричковски“?

Извор: Канал 5

Continue Reading

Македонија

Паѓаат началници, инспектори во МВР и газди на автосервиси – Кој местел тендери за службени возила

Published

on

policija

МВР од утрово спроведува голема полициска акција внатре во своите редови.

Според се уште неофицијалните информации во тек се претреси во зградата на Министерството, јавуваат повеќе медиуми. 

Според истите извори, станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила.

Претреси се вршат во канцеларии на повеќе началници и вработени во повеќе организациски единици на МВР.

Според информациите, акцијата ја спроведува Бирото за јавна безбедност. 

Истовремено, претреси се вршат и во повеќе добро познати автосервиси кои претходно со години ги сервисирале возилата.

Денеска е уапсен и екс близок соработник на Заев 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк