Connect with us

Инфо +

Изгоре зграда во Штип, 8 семејства останаа без кров на глава

Осум ромски семејства останаа без кров на глава откако вчера наутро изби пожар во стара куќа во централното градско подрачје каде нелегално претстојуваат. Пожарот избувнал додека спиеле и не знаат која е причината, но среќа во несреќа е што успеале да наврме да ги изнесат малолетните деца.

– Ја имам само 3 деца… и јас имам две деца и бремена жена, сабајле едвај ги извадив, внатре беше полно со дим, велат жители на зградата.

Велат дека биле приморани овде да се сместат, зашто претходно живееле во старото нервно одделение, меѓутоа и таму пред неколку години зградите беа опожарени.

– На диво влеговме, немавме каде да одиме и моравме некаде да се сместиме-изјави жителка во куќата.

Пожарот ги зафатил подрумските простории и првиот кат и благодарение на брзата интервенција на протипожарната единица не се прожири и на останатите катови.

– Се работи за стара куќа со дрвени тавани. Дрвата горат внатре во ѕидовите и според наша проценка доста долго време ќе тлее, поради што ќе оставиме една против пожарна екипа на стража, за д ане дојде повторно до избувнување на пожарот, изјави Тони Атанасов, командир на ТППЕ- Штип.

На дел од станарите изгорена им е целата покуќнина.

– Ова само ми остана, алиштата на децата. Овој човек ми даде тренерки.

Станарите веќе нема каде да одат и побараа помош од локалната самоуправа да им најде привремено решение. Градоначалникот вети дека ќе го реши нивниот проблем, но мора се стави крај на нелегалното користење на напуштените објекти.

Повеќе во прилогот на Сител телевизија:
https://www.youtube.com/watch?v=nb8rX6RYwkk

Advertisement

Свет

Трамп собира сојузници против Кина

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја објави формирањето на нова коалиција насочена кон ограничување на кинеското влијание во клучните минерали и напредните технолошки сектори, вклучувајќи вештачка интелигенција.

Пет земји – Сингапур, Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Израел – потпишаа Декларација за „Pax Silica“, со цел заеднички да ги решаваат недостатоците во пристапот до критични ресурси и да ја намалат предноста на Кина во стратегиски индустрии, јавува американскиот портал Политико.

Заменик-државниот секретар за економски прашања, Јакоб Хелберг, истакна дека декларацијата отвора пат за заеднички истражувачки и развојни проекти, производство и инфраструктурни решенија како одговор на кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“. Иницијативата го истакнува значењето на кинескиот речиси монопол во секторот на ретки метали, кој е клучен за цивилните и воените индустрии.

Пекинг во минатото ја искористи доминацијата во секторот со воведување ограничувања на извозот како одговор на американските царини, додека САД сега сакаат да ја ширaт коалицијата и да вклучат дополнителни земји со минерални и технолошки капацитети.

Потпишувањето на декларацијата ја означи и почетокот на еднодневниот самит „Pax Silica“, на кој учествуваат и претставници од Европската Унија, Канада, Холандија и Обединетите Арапски Емирати. На самитот ќе се дискутира за напредно производство, преработка на минерали и логистика, а целта е коалицијата да стане за вештачката интелигенција она што Г7 беше за индустриската ера.

„Сакаме да соработуваме за хармонизирање на извозните контроли, проверка на странските инвестиции и справување со дампингот, но и проактивно да обезбедиме клучни точки во глобалните синџири на снабдување“, рече Хелберг.

Continue Reading

Свет

Хибридни напади во Германија – Итно повикан рускиот амбасадор

Германското Министерство за надворешни работи денеска го повика рускиот амбасадор поради зголемените и загрижувачки хибридни активности на Русија, кои вклучуваат дезинформациски кампањи, шпионажа, кибер напади и обиди за саботажа, јави ДПА.

„Утринава го повикавме рускиот амбасадор и јасно му нагласивме дека внимателно ги следиме активностите на Русија и дека ќе преземеме мерки против нив“, изјави портпаролот на министерството.

Германските власти ги припишуваат овие активности на руската мрежа „Штура 1516“, која е специјализирана за манипулации и е поврзана со обиди за нарушување на федералните избори што треба да се одржат во февруари.

Портпаролот додаде дека владата подоцна ќе одлучи за натамошните дипломатски чекори. Претходно, германските власти го припишаа кибер нападот врз безбедносните системи за воздушен сообраќај во август на руската хакерска група APT28, објави „Гардијан“.

Continue Reading

Балкан

„Илинден“-Тирана му посакува успешен мандат на Клодиан Брахо и бара истрага за злоупотребите со бугарско потекло

Македонско друштво “Илинден“-Тирана му посакува на г-дин Клодиан Брахо, кој  беше избран за нов раководител на Специјалната структура против корупција и организиран криминал (СПАК).

Македонско друштво “Илинден“-Тирана очекува СПАК со приоритет да го истражи незаконското издавање на уверенија за бугарско потекло од албанските локални институции, како и влијанието што групите посредници за бугарски пасоши го извршија врз процесот на пописот во 2023 година на целата територија на Република Албанија.

Овие групи ја злоупотребија својата моќ и врски за да постават свои попишувачи, при што вршеа притисоци, закани и поткуп врз албанските граѓани со цел да ги принудат да се изјаснат како Бугари и да ги манипулираат податоците од пописот.

Дополнително, бараме истрага за незаконските активности на фондациите од Бугарија, кои делуваат со цел асимилација на автохтоната македонска заедница во Република Албанија, загрозувајќи го нејзиниот идентитет, култура и права.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана честита за достигнувања на СПАК во текот на последните три години под водство на г-дин Алтин Думани, надевајќи се дека понатамошната работа на г-дин Клодиан Брахо ќе биде успешна и во служба на транспарентноста и правдата.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг