Connect with us

Инфо +

Лапај си поврат на ДДВ во Февруари, ќе има „две кила месо“

Published

on

На граѓаните кои скенирале фискални сметки во последните три месеци од 2020 година, преку апликацијата Мој ДДВ ќе им бидат вратени 6,1 милион евра.


Па граѓаните ќе добијат според зборовите на министерката за труд и социјална прилика Јагода Шахпаска, според која математика домаќинките секој ден во тие 90 дена со помошта за која зборува министерката, ќе имаат по 22,22 грама МЕСО на ден.

Управата за јавни приходи информира дека во текот на февруари ќе се врши исплата на дел од ДДВ, на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата Мој ДДВ во четвртото тримесечје од 2020 година, односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година .

Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари , а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милион евра.

ИСПЛАТА НА ДЕЛ ОД ДДВ ЗА ЧЕТВРТОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД 2020 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ФЕВРУАРИ

Македонија

Сиљановска-Давкова: Потребен е стратешки пристап за заштита на македонското малцинство во Албанија

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Горана Сиљановска-Давкова, денеска оствари средба со делегација од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), единствената политичка партија на Македонците во Албанија. Делегацијата беше предводена од претседателот на партијата, Васил Стерјовски.

На средбата се разговараше за состојбата на македонското малцинство во Албанија и односот на албанските институции кон нив. Претставниците на МАЕИ истакнаа дека Македонците во Албанија се соочуваат со пропаганда и обиди за асимилација, што го загрозува нивниот национален и културен идентитет.

Претседателката Сиљановска-Давкова нагласи дека е потребен стратешки пристап во решавањето на статусот и заштитата на правата на македонското малцинство во Албанија, согласно европските и меѓународните документи. Таа ја истакна важноста на соработката со албанските власти и меѓународните организации во насока на гарантирање на правата на македонската заедница.

Средбата претставуваше потврда за заложбите на Република Македонија за унапредување на положбата на Македонците надвор од границите на државата, со акцент на нивната национална, културна и јазична самобитност.

Continue Reading

Македонија

Да не се подлегнува на провокации, лажни вести и шпекулации – апелира Кривичен суд за случајот со Фросина Кулакова

Published

on

Во денешното соопштение до медиумите, судиите и Подружницата на Здружението на судии на Република Северна Македонија при Основен кривичен суд Скопје изразија длабоко жалење за загубениот млад живот на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа која ја потресе јавноста. Потоа, тие истакнаа дека, поттикнати од бурните реакции на јавноста, посебно по повод неправосилната пресуда за Васил Јованов за сосема различен случај, сметаат дека е неопходно да се обратат до јавноста во интерес на заштита на угледот на судиската функција, како и за демантирање на шпекулациите и лажните вести.

Во реакцијата на судиите се вели дека тие го поддржуваат барањето за системски промени кои се однесуваат на зголемување на безбедноста во сообраќајот. Овие промени се со цел за постигнување на безбедност на патиштата, што во извесна мера подразбира и измени на одредбите во Кривичниот законик, кои честопати „ограничуваат“ судиите во нивното постапување.

Судиите соопштија дека пресудата за Васил Јованов се однесува на кривичното дело за наркотици и дека таа пресуда се уште не е правосилна, туку е во фаза на одлучување пред Апелациониот суд Скопје. Притоа, судијата Даниела Алексовска-Стојановска ја донела пресудата согласно со Законските одредби, слободното судиско уверување и судската пракса.

Во Завршните зборови, јавниот обвинител ја предложил пресудата, нагласувајќи дека обвинетиот е млад, без претходни судски инциденти, па судот имал задача да избере најдобра санкција, што ќе има ефект на обвинетиот да разбере дека неговите дејствија биле противправни.

Судиите исто така ги демантираа шпекулациите дека обвинетиот имал претходни осуди, како и дека постоеле други кривични постапки против него. Во соопштението се додава дека не е јасно кои се тие „фамозни 10 пријави“ кои се поврзуваат со истата судија и обвинет.

Во соопштението беше истакнато прашањето дали доколку беше изречена казна затвор, мерката притвор ќе можела да опстои во повисоките судски инстанци. Истовремено, судиите повикаа надлежните институции да ги искористат механизмите за проверка на првостепената пресуда и да утврдат евентуални пропусти во постапката.

Судиите истакнаа дека неказнивоста не е само проблем на судската власт, туку и на сите три власти во државата. Тие посочија дека системот на амнестија, помилувања и измени на Кривичниот законик имал директно влијание на ослободените осуденици и на правото на казни за одредени кривични дела.

Конечно, судиите апелираа до јавноста да не подлегнува на провокации и лажни вести, и ја повикаа на рационален и објективен пристап при разгледување на сите пропусти што можат да бидат исправени. Судиите исто така изразија сочувство за сите жртви на сообраќајни несреќи и апелираа за создавање на побезбедно општество за сите граѓани.

Continue Reading

Македонија

Повторно воспоставена железничката линија Скопје – Куманово

Published

on

Почнувајќи од денес, 5 февруари 2025 година, повторно е воведена железничката линија Скопје – Куманово – Скопје, која беше укината. Возовите ќе сообраќаат двапати дневно во двата правци:

• Од Скопје за Куманово: во 04:57 и 16:37 часот.

• Од Куманово за Скопје: во 06:00 и 17:40 часот.

Оваа одлука доаѓа како резултат на зголемената побарувачка за железнички превоз и заложбите за подобра поврзаност меѓу двата града.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк