„Па не сме во каменa доба, сиромашните мајки не треба да раѓаат повеќе деца“

Сè почесто сме сведоци на семејства со многу деца, каде што неретко таа бројка преминува и преку десет.
Поради тоа родителите преку социјалните мрежи и медиуми бараaт и молат за помош за да имаaт основни услови за живот на нивните деца.

Оваа тема станува се почеста и се развива голема дискусија, како кај нас, така и во регионот, но и пошироко.
Гламурозната гимнастичарка Каролина Севастијанова неодамна се најде на страниците на светскиот печат откако им упати остри зборови на сиромашните мајки и семејства со многу деца

Познатата Русинка предизвика бурна реакција во јавноста откако на Инстаграм изјави дека финансиски загрозените мајки се „неодговорни“ затоа што раѓаат повеќе деца, а не можат да си го дозволат тоа:

„Родила едно дете, гледа дека не може да го издржува и раѓа второ, трето…“, вели Каролина, а пренесува британски Дејлистар.

25-годишната девојка додаде дека бременоста денес може лесно да се спречи, а сето тоа го изјави како одговор на прашањето зошто одбива да им помогнe на сиромашните родители кои имаат многу деца.

Каролина рече дека наместо тоа, таа им дава пари на групи за заштита на животни и разни добротворни организации.
Таа го изрази ова мислење на својот профил на Инстаграм, каде што ја следат повеќе од 600 илјади луѓе