Се брише придавката „македонски“, ќе се користи „на Република Cеверна Македонија”

Уставното име „Република Cеверна Македонија“, наместо придавката „македонски“ ќе се користи во записниците на Мешовитата македонско-бугарска комисија.

Ова е компромисот кој, според телевизија Сител, бил постигнат во врска со употребата на придавката „македонски“ во записниците од Мешовитата комисија.

Високи извори од македонскиот дел од комисијата за Сител рекле дека договорот се состои во тоа што придавката македонски ќе се користи само во цитатите од записниците, додека во официјалните заклучоци од средбите ќе се употребува уставното име на земјава, односно имињата кои произлегуваат од него.


Па така, наместо македонски, да се употребува „на Република Македонија“.

Договор наводно имало и околу името на самата комисија, односно, во записниците нема да има повеќе македонска страна и бугарска страна, туку во записниците ќе стои Комисија на Република Cеверна Македонија или Комисија на Република Бугарија во зависност на што се однесува.

Македонската страна била задоволна што придавката македонски сепак останува во употреба.