Да помогнеме да се направи куќата на Вероника од Велес

На семејството од Велес на кое им изгоре домот, потребни им се материјали за нов дом. Во објава на група на Фејсбук, граѓанка пишува дека се потребни плочки, цемент, цигли, керамиди и греди за нов дом на бебенцето кое беше првородено во Велес оваа година.

Дека навистина во лоша состојба е домот во кој живееше семејството говорат фотографиите, па сите добри луѓе кој можат да помогнат, нека го сторат тоа за Вероника да добие нов дом.