ГОЛЕМА ТЕМПЕРАТУРНА РАЗЛИКА: УТРЕ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 17°C – ВО ВТОРНИК ВИСТИНСКА ЗИМА И СНЕГ

Голема разлика во температурите ќе се случи за само 24 часа. Во текот на утрешниот ден поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење максималните дневни температури на воздухот ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени во најтоплите предели од државава. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југозападен правец а времето преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, што значи ќе има краткотраен престанок на врнежите кои се очекуваат претстојната ноќ

Веќе утре доцна попладне и навечер како што најавивме ќе започнат нови врнежи кој поради спуштањето на студена воздушна маса од север полека ќе преминуваат во снег и на повисоките места, додека во вторник поради понатамошно спуштање на студен воздух од Арктикот, врнежи од снег ќе има на повеќе места низ државава. Ветерот од вторник ќе го смени својот правец во северен и во северозападен и истиот и понатаму ќе биде засилен по интензитет.

Во вторник веќе температурите на воздухот ќе бидат за околу 10 степени пониски во споредба со утрешниот ден и ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 9 степени, меѓутоа во текот на денот во вторник истите и понатаму ќе опаѓаат. До среда наутро температурите ќе се спуштаат насекаде под нулата и истите ќе бидат во интервалот од -8 до -1 степен, на повисоките и планинските места истите ќе се спуштат и под -10 степени. Во среда максималните дневни температури ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 9 степени на крајниот југоисток.