Под кои услови ќе може да се аплицира за „Купи куќа-купи стан“ ?

Граѓаните годинава ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата, преку проектот „Купи куќа, купи стан“ – информира Министерството за финансии.

Барањата можат да се поднесуваат до 31 декември 2021 година.

Субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години.

Сите граѓани кои ги исполнуваат овие услови и се кредитно способни согласно условите од банката можат да аплицираат во една од осумтте банки кои учествуваат во проектот: НЛБ банка, Стопанска банка Скопје, Шпаркасе банка, Стопанска банка Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка, Охридска банка и Прокредит банка.

За проектот може да аплицираат лица кои се или не се во брак, a кои ги исполнуваат следните услови: не смеат да имаат стан или куќа на свое име или на име на брачниот другар, месечните приходи не смеат да надминуваат 900 евра доколку не се во брак или 1.300 евра доколку се во брак, продажната цена на станбениот објект мора да биде до 900 евра за метар квадратен и станот и куќата кои се купуваат или градат мора да бидат новоградба, односно да се купат од инвеститор или изведувач. Исто така станбената површина не смее да надминува 150 м2.