Connect with us

Инфо +

„Ах бре лигави едни, се заканувате што народ жестоко реагира на понижувањата од Бугарите“

Published

on

„Ах бре лигави едни социјалдемократи. Целото владеење ви се сведе на закани, лажење и национални предавства. Се заканувате со парични и кривични казни за пописот. Се заканувате ако жестоко реагираме на понижувањата од Бугарите. Се заканувате на оние кои не мислат како вас на социјалните мрежи – напиша актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук ѕид.

Тасевски дополни:

„Оној створ што лажно се претставува дека е од Финска се заканува на средношколци преку директорите на школите каде учат. Браво полжави едни. Ќе заминете од влсст многу брзо, а тогаш…Ех шест месеци власт да имам. Само шест. Жими мама нема да ве разочарам“ – вели тој остро критикувајќи ја власта.

https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10158945579802180

Македонија

Вандализам во Германија: Балканци затнале 270 ауспуси со пур-пена

Published

on

Четворица млади луѓе од Балканот се осомничени дека систематски оштетувале автомобили низ Германија, вбризгувајќи полиуретанска пена во нивните издувни цевки. Според германската полиција, тие уништиле повеќе од 270 возила во Берлин, Бранденбург, Баварија и Баден-Виртемберг.

Во прв момент, нападите беа поврзани со радикални климатски активисти, бидејќи осомничените лепеле налепници со пораки како „Биди зелен“. Но, истрагата на германските власти сега се сомнева дека зад ова стои саботажа организирана од Русија, пишува „Шпигел“.

Еден од уапсените, според медиумот, признал дека добиле понуда преку апликацијата „Вајбер“ од руски државјанин, кој им нудел по 100 евра за секој оштетен автомобил. Исто така, им било ветено дека ќе добијат правна помош доколку бидат фатени.

Четворицата осомничени – од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Романија – веќе се ослободени од притвор, но истрагата продолжува. Обвинителството сè уште не открива детали за нивните мотиви, но безбедносни извори предупредуваат дека ова би можело да биде дел од насочена кампања за дестабилизација и политичко влијание во Германија, особено пред предвремените избори на 23 февруари.

Continue Reading

Скопје

НАЈНОВА ВЕСТ: Дојави за бомби во неколку училишта утрово во Скопје – родителите информирани да си ги земат децата

Published

on

najnova vest

Дојави за бомби во неколку училишта утрово ги вознемирија жителите на Аеродром.

Учениците се евакуирани, а наставниците веќе ги информираа родителите да си ги земат децата.

Како што дознава Курир, дојави за бомби има во „Димитар Македонски“, „Александар Македонски“, „Љубен Лапе“….

Извор: https://newz24live.com/

Continue Reading

Македонија

Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ – Бараше слобода до последен момент

Published

on

Игор Југ, еден од осудените за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, почина на 54-годишна возраст. Југ издржуваше 12-годишна затворска казна, но беше на прекин поради влошена здравствена состојба. Осум години од животот ги помина зад решетки пишува скопје1.мк.

Во изминатиот период, Југ постојано бараше повторување на судската постапка, тврдејќи дека никој од осудените за 27 април не е терорист и дека пресудите се неправедни. Неговото последно јавно појавување беше во поткастот „Претрес со Ландов“, каде зборуваше за искуството во затвор, својата идеологија и тортурата низ која, како што тврдеше, поминал.

Неговата смрт предизвика реакции во јавноста, а се очекува и официјален став од неговите блиски и правниот тим кој работеше на неговиот случај.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк