Connect with us

Инфо +

Доколку имате поставено камери во автомобилот веднаш да ги отстраните зашто казната е 400 евра…

Published

on

Полицијата ги предупредува граѓаните дека незаконското снимање со камера, поставена во автомобилот, е казниво и дека според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, само МВР е овластено да поставува уреди за снимање на јавни места, на кои се одвива сообраќај.

Казната изнесува 400 евра во денарска против вредност, а прекршителите можат да бидат гонети и кривично, доколку лицето што е снимено поднесе тужба според Законот за лични податоци.

Секој, кој веќе поставил камера во возилото е должен веднаш да ја отстрани, предупредуваат од МВР.
– Сопствениците на современите возила кои имаат фабрички инсталирана видеокамера во ретровизорите или во задниот дел од автомобилот, имаат опција сами да побараат од овластен сервис да им ја деактивира направата, бидејќи во Македонија, како и секаде во ЕУ, снимањето на на граѓаните на јавно место е забрането и казниво – велат од полицијата.
слободен печат

Балкан

Нови апсења во Истанбул, полицијата извршила претрес на 145 локации, што се случува таму во моментов?

Published

on

Турската полиција денеска уапси 106 лица во Истанбул во рамките на акција насочена против учесниците во протестите по апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу и високи функционери на опозициската Републиканска Народна партија (ЦХП), јави Анадолија.

Лицата биле приведени по претрес на 145 адреси на осомничени за учество во протестите од последните денови. Тие се обвинети за „непочитување на забраната за собири и демонстрации“ и „неизвршување на наредбите на безбедносните сили“.

Протестите во поддршка на Имамоглу продолжуваат и покрај забраните за собири во Истанбул, Анкара и Измир. Според турското Министерство за внатрешни работи, од 19 март до денес се уапсени вкупно 1.418 лица, вклучувајќи и 11 новинари.

Советот на Европа изрази загриженост за прекумерната употреба на сила против демонстрантите, додека Репортери без граници го осудија апсењето на новинарот од АФП во Истанбул.

Continue Reading

Европа

Загина руска новинарка на фронтот: Налетала на мина

Published

on

Познатата руска новинарка Ана Прокофјева (35) загинала на фронтот со Украина, само неколку часа откако на социјалните мрежи ја исмејувала таа земја.

Таа починала во Белгородската област, каде што украинските сили во моментов извршуваат продор.

Нејзината смрт ја потврдија и други воени новинари кои го поддржуваат Кремљ, а подоцна и нејзината телевизиска куќа.

Денот пред тоа, таа објавила дека се наоѓа “некаде на границата со земјата 404”, што асоцира на грешка која се појавува кога не може да се вчита страница на веб-страна. Веројатно со тоа сакала да укаже дека Украина повеќе не постои.

Медиумите пренесоа дека камерманот кој работел со неа е ранет и се наоѓа во болница.

„Ана Прокофјева, воен дописник на Канал 1, загина додека ја извршуваше својата професионална должност. Тоа се случи во Белгородската област на границата со Украина, каде што екипата на Канал 1 беше разнесена од непријателска мина. Камерманот Дмитриј Волков, кој беше со Ана, е повреден“, соопшти портпаролот на медиумот за кој работела.

Ана работела како воен новинар долг период, пишува Mirror.

Денот пред тоа, во Украина беа убиени уште двајца руски новинари кои работеле за медиуми блиски до претседателот Путин.

Continue Reading

Европа

Земјата која и сврте грб на Русија, сега донесе драстична одлука

Published

on

Ерменскиот парламент денеска го усвои нацрт-законот кој го започнува процесот за пристапување на Ерменија во Европската унија. Законот беше усвоен во последното читање со 64 гласа за и седум против, а текстот ја повикува владата да го започне тој процес.

Во поранешната советска република расте сѐ поголемата недоверба кон Русија, историскиот сојузник на земјата кој се уште има своја воена база во Ерменија.

Ерменија ја критикува Москва за недоволна поддршка во конфликтот со Азербејџан, кој во есента на 2023 година повторно го освоил Нагорно Карабах, регион со претежно ерменско население што сепаратистите го контролирале повеќе од три децении.

Многумина сметаат дека тоа беше клучен момент по кој Ерменија се сврте кон Западот.

Ерменија, меѓу другото, стана земја која официјално ја призна јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, кој распиша потерница за Путин. Оваа одлука предизвика голем гнев во Русија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк