Connect with us

Инфо +

Ha Tиk Toк лудилото нema гpaници: Го “провозе” својот калашников

Published

on

Се повеќе се продлабочува проблематиката околу контроверзните тик-ток видеа и она што и се сервира на јавноста на тацна.

А, она што се пласира е насилство, безредие, моќ…

Во продолжение, најновото во низата видеа кои шират насилство, овојпат снимено во тек на возење со потпрено оружје, марка калашников.

Балкан

Таксистот Бранко му донираше бубрег на другар од училишните клупи

Published

on

Делото на Бранко Џаламиќ (43) од Богатиќ пред неколку дена воодушеви многумина. Храбар таксист донираше бубрег на својот училишен другар.

Бранко, кој седел со Синиша во училишната клупа, вели дека кога слушнал дека на Синиша му го извадиле едниот бубрег, а другиот престанал да работи, во ниту еден момент не помислил дали да му го даде својот.
Само се молев да ги поминам анализите и тестовите што е можно поскоро и да можам да го направам тоа. Првото нешто што ми падна на ум, кога докторите дојдоа да ме видат, беше како е тој. Само што му го пресадиле бубрегот, телото веднаш го прифатило и почнал да работи“, раскажува Бранко за РТС.

За тимoт лекари, преведувачи и вработени во клиниката во Турција, средбата на двајца пријатели по трансплантацијата беше особено трогателна.

„Бев зачуден, не можев да поверувам. Ни најблиските не ми излегоа во пресрет да ми го понудат тоа што ми го понуди. Затоа отидовме кај него дома, отидовме на прегледи, дојдовме овде и се на се, за седум дена решивме да дојдеме во Турција“, вели Синиша Новаковиќ.

Continue Reading

Свет

Нов земјотрес во Мјанмар, ова се деталите

Published

on

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер денес го погоди јужниот брег на Мјанмар, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.

Земјотресот се случил на околу 142 километри од градот Јангон, а епицентарот бил на длабочина од десет километри.

Оваа природна катастрофа доаѓа само неколку дена по земјотресот од 7,7 степени според Рихтер, кој минатиот петок ја погоди земјата.

Како последица на тој земјотрес, загинаа повеќе од 2.700 лица, повеќе од 4.520 беа повредени, а над 400 се водат како исчезнати, според соопштението на воената хунта на Мјанмар.

Continue Reading

Свет

Руте: НАТО останува силен, САД ќе останат дел од Алијансата

Published

on

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на денешната прес-конференција пред дводневниот Самит на министрите за одбрана истакна дека е убеден дека Алијансата ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од сојузот.

– САД повеќепати го потврдија членот 5 од Вашингтонскиот договор, но јасно кажаа дека очекуваат од сојузниците повеќе да трошат на одбраната. Тоа треба да го направиме поради заканите од Русија и од Кина, наведе Руте.

Администрацијата на Трамп повеќепати  ги повика европските сојузници да ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) – повеќе од двојно од сегашната цел на НАТО од минимум два проценти од БДП.

Руте навести дека одлуката за зголемување на трошоците за одбрана најверојатно ќе биде донесена на следниот Самит на НАТО во јуни.

Министрите за надворешни работи на НАТО утре и в петок во Брисел ќе разговараат за зајакнување на одбранбените способности на Алијансата.

– Живееме во опасен свет, НАТО мора да биде посилен, поправеден и поспособен за смртоносни напади, посочи Руте.

Тој ги поздрави напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина.

– Ги поддржувам напорите на САД за праведен и траен крај на војната. Војната мора да заврши на таков начин што (рускиот претседател Владимир) Путин никогаш повеќе нема да се обиде да заземе педа од Украина или дел од територијата на НАТО, потенцира Руте.

Тој претходно најави дека сојузниците на НАТО за 2025 година ветиле безбедносна помош за Украина во висина од над 20 милијарди евра, а Командата на Алијансата во германскиот град Визбаден ќе продолжи да ја координира воената помош за Украина и обуката на украинските војници. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк