Колку ли само вреди новиот часовник со 342 дијаманти на Мек Грегор?

Конор Мек Грегор им се пофали на фановите на Инстаграм со својот нов часовник пред скоро една недела.

Имено станува збор екстремно скап часовник, за кој ирскиот борец има платено над неверојатни милион долари!

Славниот ирски борец често сака да го покажува своето богатство на социјалните мрежи, а социјалните мрежи и светските медиуми со денови јавуваат за неговиот скап часовник.

Часовникот наречен Baguette Astronomia Tourbillon е произведен од Jacob & Co. Часовникот се состои од 342 дијаманти и огромен сферичен дијамант со 288 фасети што рефлектираат светлина.

Неговиот неверојатен изглед можете да го погледнете:

https://www.instagram.com/p/CKBy1crJeiP/?utm_source=ig_embed