Можеш буквално да му влезеш на комшијата во спална

Жителка на скопски Карпош ни испрати фотографија од едно вистинско несекојдневно архитектонско „ремек дело“, по кое можеш буквално да му влезеш на комшијата во спална соба, затоа што само неколку стапки е разликата од едната зграда до балконите на постоечката зграда.

Имено станува збор за нови згради кои никнуваат во Скопје на улица Багадска во Тафталиџе, каде е изграден нов објект кој се коси со многу урбанистички правила и прописи.

Балконите на новата зграда се веднаш до оние на соседната зграда, па вакво архитектонско дело може да се случи само кај нас во Македонија.