Нови 10,000 вакцини за Србија, кај нас сеуште НУЛА

Претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека набавил уште 10.000 нови вакцини, како и дека секое утро трае борбата за секоја вакцина и за секој граѓанин на Србија.

Србија е трета во Европа по вакцинација, Македонија на дното сеуште со нула набавени вакцини, а далеку од вакцинација на населението. Во соседна Србија се очекува вакцинацијата да почне во сите болници низ земјата.

По протоколот за 21 до 28 дена следува повторна ревакцинација, а советите се вакцинираните граѓани да се чуваат и покрај примената вакцина.