Во Собрание имало пратеник кој извршил силување на жена

  • Да се води и регистар на сторителите на родово базирано насилство,
  • Сторители на родово базирано насилство, силување или друг вид на ваков сличен деликт да не може да бидат кандидати за висока државна функција – вели пратеникот Антонијо Милошоски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во врска со Законот за спречување и заштита од насилство врз жените, дава целосна поддршка, но и посочи дека во Собранието имало пратеник кој уште бил на висока функција а бил казнет за делото силување.

Се согласувам дека министерството за труд и социјала и телото кое во иднина ќе се занимава  со оваа проблематика не треба да води само регистар за жртвите на родово базирано насилство, туку треба да води и регистар на сторителите на родово базирано насилство, вели Милошоски.  

Сепак тој додава дека во иднина нормата за извршено насилство врз жена треба да се воведе како критериум и во други закони, особено во законите за избор на градоначалници, пратеници, министри или други виисоки функции.

-Ова го кажувам затоа што за жал меѓу нас во Собранието имаме колега пратеник кој што извршил силување на жена, казнет е за тоа, а сепак е на една висока функција. Името нема да го споменувам за на жртвата да и се будат било какви лоши спомени. Сметам дека Клубот на пратенички треба да изготви амандмани и да се постави критериум каде што човек кој што извршил родово базирано насилство, силување или друг вид на ваков сличен деликт да не може да биде кандидат за висока државна функција, нагласи Милошоски.