„Денес жртва на јавна соба сум јас, утре може да бидеш ти!!!“ Aна со моќна порака до сите девојки

Деновиве повторно стана актуелна темата со недозволено ширење на фотографии и лични информации на девојки во групата наречена „Јавна соба“ на социјалните мрежи, откако девојки објавувани во истата ја обелоденија приказната и престапниците ги пријавија во полиција.

Како што говорат голем дел од граѓаните оваа група никога воошто не ни згаснала, а членови се илјадници наши граѓани. Најголем број од девојките кои се објавувани таму не ни знаат дека нивните фотографии се превземени без нивно знаење и споделувани таму, притоа надополнети слжо недоличен текст за нив и нивни лични податоци како и контакт телефон, при што со денови добиваат повици и пораки од непознати лица.

Една од девојките кои се објавени таму е и Ана од Скопје која има 28 години и која вели дека го пријавила случајот во полиција заедно со објавата и сите оние податоци од пораките и повиците кои ги добивала, но за жал полицијата не изреагирала никако по случајот, затоа што таа била полнолетна и законот не нудел никаква заштита по ова прашање.

Таа денеска на социјалната мрежа Инстаграм, од каде е земена нејзината фотографија од плажа направена на одмор, објави видео за поддршка на сите останати девојки кои се нашле во иста ситуација како неа, велејќи дека не треба да се срамат затоа што тоа не е нивна грешка и дека оние кои објавуваат и се јавуваат треба да бидат казнети.