Се подготвува нов закон за учебници – Царовска: Одиме етапно со сериозен зафат во образованието

Во подготовка е нов закон за учебници, тоа е само една од реформите кои го очекуваат образованието.

„Нов закон за учебници е во подготовка, и во основа на тој закон ќе се донесе методологија за потврдување или одбивање на одреден наставен материјал или учебник. И тука таа методологија е подготвена транспарентно со помош на ОБСЕ, таа е веќе во завршна фаза“, истакна Мила Царовска.

Царовска додаде дека методологијата на создавањето на учебници ќе биде сеопфатна, за да се намали нешто што е спротивно од граѓанските вредности да го има во учебниците.

За да таа методологија биде сеопфатна и за да не не може или да се намали веројатноста дека нешто кое што е спротивно на граѓанските вредности ќе се протне во учебниците“, посочи Мила Царовска.

Поранешните министри Дескоска и Адеми работеле, а Царовска вели дека сега во нејзин мандат е дојдено времето да се направи чекор кон новата концепција.

Царовска вели дека сите добри работи од различни наставни програми се земаат и се имплементираат на нашиот образовен систем.

„Новиот концепт е национален концепт, тоа е разликата со тоа што досега се случувало. Што тоа значи? Дека земаме добри работи и од Кембриџ, добри работи од Хрватска, Финска, Естонија. Се што е добро го земаме, го адаптираме во нашиот контекст, во нашиот образовен систем со капацитетите кои што ги имаме можеме да го спроведеме ова“, вели Мила Царовска.

Царовска објасни дека во образованието се воведува т.н. кариерен развој. Односно, тие што ќе се истакнат со поразлична содржина, кои што ќе создадат дополнителен наставен материјал, ќе напредуваат. Напоменувајќи дека во минатото на наставниците им биле давани матрици, и тие што ќе излезеле од рамката, биле казнувани.