Заев: Владата ја разгледува опцијата апликацијата „Телеграм“ да биде блокирана

Доколку социјалната мрежа „Телеграм“ не одговори позитивно на барањата испратени од владата за бришење на групата „Јавна соба“ во која што се споделуваат материјали, Владата ја разгледува опцијата апликацијата да биде блокирана или ограничена за користење во Македонија, објави премиерот Зоран Заев.

Испративме категорични барања до социјалната мрежа Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“ и нема да престанеме да инсистираме на тоа барање сѐ до негово конечно исполнување. Доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот Јавна соба ќе ја разгледаме и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во Македонија, сѐ додека не почнат да соработуваат со нас, со единствена цел да се затвори проблематичната група и да ни помогнат во откривање на идентитетот на оние кои споделуваат слики и прават кривично дело“, објави Заев во статус на Фејсбук.