Connect with us

Инфо +

Петтиот пакет мерки ќе ги опфати најсиромашните граѓани, медиумите, угостителите

Published

on

Откако беше најавен петтиот економски пакет мерки на Владата, граѓаните се прашуваат кој ќе биде опфатен со нив, затоа што здравствената криза веќе удри по џебот кај сите граѓани. Премиерот Зоран Заев попладнево во Собранието одговарајќи на пратенички прашања сподели дел од мерките предвидени со овој пакет мерки за поддршка на граѓаните, работниците, стопанството и економијата.

Една од мерките, како што рече, е да се избришат сите камати по долгови кои граѓаните ги имаат кон државните и општинските институции за долгови постари од три месеци под услов да си го регулираат на 12 рати долгот кој го имаат.

– Тоа значи за вода, за парно, даноци кон државата, кон станбените претпријатија, кон водостопанските претпријатија, се. Најмногу се погодени граѓаните кои дефинитивно не можеле да постигнат да ги плаќаат редовно сметките. Целта ни е не веднаш да го вратат долгот, туку на 12 рати да склучат договори, веројатно ќе го доразработиме со ратите и се, но и да ги избришеме комплетно каматите и со тоа да го олесниме, рече Заев, додавајќи дека намерата е да ги избришат сите камати за долговите кои се за физичките лица и оти со законско решение тоа е возможно.

Во втората фаза, додаде, сакаме да ги помогнеме таргетирано најсиромашните, односно тука ќе биде димензиониран вториот сегмент од петтиот пакет. Третиот пакет ќе биде поддршка на економијата.

– Ќе предложиме еден пакет преку Банката за поддршка на развојот со грантова шема да дадеме безкаматни кредитити за сите погодени од кризата, посебно најтаргетираните, каде што ќе поттикнеме да покажат позивитен успех на крајот на 2021 година. Ако дадеме 10.000 евра грант ќе продуцираме да покажат позитивен успех во 2021 за да мотивираме развој, рече Заев.

Македонија

ФОТО: Зимска бајка во Тетово

Published

on

Текст: Тетово ова утро се разбуди во магична зимска облека. Улиците, парковите и покривите се покриени со дебел бел прекривач од снег, создавајќи идилична слика како од разгледница. Граѓаните го искористуваат моментот за прошетки и уживање во зимската идила, додека децата весело прават снешковци и се санкаат низ градските ридови. Зимската магија го облагородува Тетово.

Прекрасните фотографии се дело на Катерина Наумоска

Continue Reading

Македонија

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Published

on

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се на официјалните известувања од АМСМ, од ЦУК известуваат дека забрани за движење на тешки товарни возила од превентивни причини има на патните правци, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир; Гостивар – Маврово – Дебар; Гостивар – Стража – Кичево, како и на планиските превои Пресека и Плетвар. Од 8:50 часот поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај село Миравци, тешките товарни возила се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.

Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Крива Паланка, од 15:25 до 17:05 часот, со 4 пожарникари и 1 противпожарно (ПП) возило, заедно со 3 вработени во Комуналец – Крива Паланка, гаснеле запалена депонија во близина на село Конопница“, информираше утрово ЦУК.

Повикувајќи се на официјалните известувања од АМСМ и УХМР, од ЦУК известуваат дека забрани за движење на тешки товарни возила од превентивни причини има на патните правци, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир; Гостивар – Маврово – Дебар; Гостивар – Стража – Кичево, како и на планиските превои Пресека и Плетвар. Од 8:50 часот поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај село Миравци, тешките товарни возила се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.

„АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Денеска времето ќе биде облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а наместа, особено во западните делови ќе бидат обилни. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степени“, се наведува во соопштението на ЦУК.

Од ЦУК повикуваат сите итни случаи да се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Continue Reading

Македонија

Македонци плаќале до 1.000 евра за бугарски пасоши

Published

on

Ексградоначалникот на село Рилци, Благоевградско – Живко Чукарски, ја призна вината за незаконско регистрирање на македонски државјани и склучи спогодба со Окружното обвинителство во Благоевград.

Истрагата покажа дека Чукарски изготвил и потпишал 246 потврди за постојана адреса на живеење за македонски државјани, иако тие не живееле во селото и не доставиле потребни документи за регистрација.

Во периодот од 2016 до 2019 година, во село Рилци биле регистрирани над 4.000 македонски државјани. Дел од регистрациите биле направени на непостоечки адреси или на празни полиња.

Иако многумина од фиктивно пријавените граѓани веќе се одјавени, проблемот со лажните адреси останува актуелен.

Во соседното село Бело Поле, сѐ уште има повеќе од 10.000 фиктивно регистрирани македонски државјани, за кои мештаните велат дека никогаш не ги виделе.

„Македонците беа привилегирани за добивање бугарски пасоши“, пренесуваат бугарските медиуми, повикувајќи се на сведок кој одблиску е запознаен со случајот.

Според сведокот, биле ангажирани над 100 „медијатори“ кои обезбедувале документи, фиктивни адреси и посредувале пред институциите. Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра.

Сведокот за БТВ објасни дека постојат три начини за стекнување бугарско државјанство:

1. Вработување или основање компанија во Бугарија, со што се добива статус на постојан престој.

2.Основање фирма од страна на странски државјани и отворање седиште во Бугарија.

3. Издавање документ за бугарско потекло, што е најчесто користен метод.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк