Connect with us

Инфо +

Гест за почит: Пратеник бесплатно ќе ги вози граѓаните: „Време е секој функционер да биде нормален, народски човек“

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски, кој живее во Куманово најави дека од утре неговите сограѓани бесплатно ќе можат да патуваат со него до Скопје и назад.

?Време е со личен пример да покажеме дека сме на располагање на граѓаните во вистинска смисла на зборот ❗️…….“Оние сограѓани кои патуваат во Скопје а особено(пациенти,студенти и генерално секој кој патува до главниот град) можат секојдневно тоа да го сторат така што ќе патуваат заедно со него.

Имено негова идеја е, од причина што граѓаните се тие кои учествуваат во покривањето на патните трошоци на пратениците(преку плаќање на даноци) тие да бидат и корисниците на овој превоз.

Пратеникот секој ден ќе застанува близу Основниот суд или Општата Болница во Куманово, каде што било кој кумановски граѓанин кој има потреба да патува во Скопје ќе може тоа да го направи заедно со Костовски, без никаков надомест,а истовремено доколку сака ќе може да поразговара со пратеникот за било каков проблем или прашање што го тангира него како граѓанин”…..Мал гест, ама искрен и од срце ?

Advertisement

Балкан

Радев: Уставното признавање на Бугарите ќе ја забрза евроинтеграцијата на Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев јасно стави до знаење дека европската перспектива на Македонија е директно условена од вградувањето на Бугарите во нејзиниот Устав. Овој став, кој Софија го повторува континуирано, беше нагласен на средба со претставници на здруженијата на бугарската заедница од неколку македонски градови.

Радев оцени дека финализирањето на уставните измени „што е можно поскоро“ е клучно за забрзување на патот на Македонија кон Европската Унија и за избегнување на нови одлагања во преговарачкиот процес.

„Европската интеграција на Македонија е желба на сите, но не може да се случи по цена на правата на бугарската заедница“, изјави Радев.

Шефот на бугарската држава потенцираше дека секоја демократска држава има обврска да ги гарантира правата на самоопределување и еднаквоста на сите свои граѓани. Со ова, тој го потврди ставот дека статусот и заштитата на граѓаните кои се идентификуваат како Бугари ќе бидат клучен критериум преку кој Софија ќе го мери напредокот на Македонија.

Претседателот Радев потсети на таканаречениот „европски компромис од 2022 година, кога Македонија го прифати пакетот заклучоци и билатералниот протокол со Бугарија како рамка за отворање на пристапните преговори. Внесувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот е поставен како неопходен услов за премин во следната фаза од преговарачкиот процес – отворање на нови кластери и поглавја.

Continue Reading

Балкан

Црна Гора ја напуштија скоро 9.000 Турци откако беа воведени визи. Во меѓувреме, 31 турска компанија стави клуч на врата

Економската и социјалната клима во Црна Гора е драстично променета, откако црногорската влада, по контроверзниот инцидент со напад во Подгорица, привремено го укина безвизниот режим за турските граѓани!

Министерството за внатрешни работи на Црна Гора ја објави шокантната бројка: од 27 октомври, кога стапи на сила визниот режим, дури 8.935 турски државјани ја напуштиле земјата! Но, тоа не е сѐ – медиумите јавуваат за вистински економски егзодус: 31 турска компанија стави клуч на врата само во текот на ноември, што е просечно по една компанија на ден! Бројот на турски посетители е значајно намален, а од почетокот на годината, вкупно 234 турски фирми се избришани од Централниот регистар.

Позадината на оваа драматична одлука е инцидентот од 25 октомври во подгоричката населба Забјело, кога со нож беше ранет 25-годишен жител. Иако првично се шпекулираше дека се вмешани турски и азербејџански државјани, полицијата подоцна ја коригираше изјавата, тврдејќи дека нападот го извршиле двајца Азербејџанци.

Овој настан, без разлика на националноста на сторителите, предизвика неколкудневни бурни протести во повеќе градови, кои кулминираа со палење и кршење на продавници во сопственост на Турци. Ваквиот наплив на ксенофобија и насилство ја принуди владата на брза и контроверзна реакција.

Турските граѓани досега имаат регистрирано 2.140 правни лица во Црна Гора, играјќи клучна улога во економијата. Нивните главни сектори се: трговија на големо, градежништво, угостителство, консултантски услуги и изнајмување автомобили. Затворањето на овие бизниси нанесува сериозен удар врз пазарот на трудот и економската стабилност.

Среде оваа тензична атмосфера, црногорскиот министер за надворешни работи, Ервин Ибрахимовиќ, дава сигнал за смирување. Тој верува дека турските граѓани наскоро ќе бидат ослободени од визи, нагласувајќи дека по инцидентот, безбедносните служби на Црна Гора и Турција ја интензивирале соработката.

Дали е ова само обид за смирување на страстите или најава за пресврт во односите? Времето ќе покаже, но во моментов, црногорско-турските економски врски се пред голем тест.

Continue Reading

Свет

САД го прошируваат списокот на земји чии што граѓани ќе се соочат со забрана за влез

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, размислува за значително проширување на списокот на земји опфатени со забраната за влез во САД.

Гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, во интервју за „Фокс Њуз“ изјави дека бројот на потенцијално опфатени земји е „поголем од 30“, иако не го потврди точниот број од 32. Таа истакна дека претседателот Трамп продолжува да ги проценува земјите.

Ноем, сепак, не прецизираше кои земји би можеле да бидат додадени на списокот, но ја образложи логиката на администрацијата:

„Ако таму немаат стабилна влада, ако немаат земја која може да се одржи и да ни каже кои се тие лица и да ни помогне да ги провериме, зошто би им дозволиле на луѓето од таа земја да дојдат овде во Соединетите Држави.“

Проширувањето доаѓа како дел од пошироките напори за безбедност. Претседателот Трамп во јуни потпиша проглас со кој им се забранува влез на граѓаните на 12 земји и го ограничува влезот за седум други. Тогаш, администрацијата го оправда потегот како неопходен за „заштита од странски терористи и други безбедносни закани“.

Забраните се однесуваат на широк спектар на патници, вклучувајќи имигранти, туристи, студенти и деловни патници.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг