Connect with us

Инфо +

Откако „Лајка“ побара 250 евра, по реакциите од јавноста, Пабло се врати дома

Кучето Пабло, кое пред еден месец беше заловено од страна на Лајка се врати дома. Иако „Лајка“ бараше сопствениците да дадат 250 евра или Пабло, кое добило ново име, Том, ќе биде дадено на нови сопственици.

Јавноста вчера, откако Пабло, под новото име Тон, беше огласен за вдомување, се крена против „Лајка“. Се бараше пабло да се врати кај семејството кое се грижело за него откако имал само два месеци. Денеска „Лајка“ на својот профил објави:

Замолуваме да не се злоупотребува случајот со кучето Пабло.Денеска лицата кои тврдеа дека кучето е нивен домашен миленик, беа повикани во нашето прифатилиште и сите недоразбирања се надминати.
ЈП ЛАЈКА СКОПЈЕ е сервис во служба на сите граѓани и работи согласно закон и прописи.
Сите шпекулации и злоупотреби по социјалните мрежи ги демантираме и нагласуваме дека сме постапиле согласно нашите ингеренции – беше реакцијата.

Но, иако Пабло е дома, реакциите од јавноста не стивнуваат:

Срам да ви е! Со вакви евтини квази ПР моменти не се брише тоа што сте го направиле. Да не беа реакциите на ФБ и објавата на А1 он ќе го дадевте Том… некој треба да одговара! А не да и трепкате на јавноста и да мислите дека е глупа! – стои во коментар под објавата на „Лајка“.

Во друг коментар пак стои:

Откако цела јавност ве направи лом, откако цел народ ве мавна од земја и ве направија од гомно подоле, и откако сте ги малтретирале луѓето зборите како сите недоразбирања се надминати.
Не бе , не се сите недоразбирања надминати.
Пробавте да изнудите пари од сопствениците, не ви пројде и ајде сега, еве ние сме добри,ја поправивме грешката.
Одите утепајте се сите таму, гниди.

Се огласи и семејството кое си го врати своето куче. Тие се заблагодарија на јавноста и медиумите кои им помогнаа во борбата да си го вратат кучето дома.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1329396514105662&id=100011059784407

Advertisement

Балкан

Вонредна состојба во Србија: Илјадници жители без струја

Во раните утрински часови во местото Пријановиќи, во близина на Пожега, избувна пожар во трансформаторска станица која го снабдува поголемиот дел од општината со електрична енергија. Околу 9 часот, целото подрачје остана без струја, предизвикувајќи сериозни потешкотии во домаќинствата, институциите и локалните служби.

Жителите сведочат дека, покрај прекинот на струја, се појавиле и други проблеми – интернетот е во прекин, а мобилниот сигнал постојано исчезнува.

„Сè престана да работи во ист момент. Телефоните фаќаат сигнал па го губат, интернет нема. Се надеваме дека дефектот ќе се реши што е можно побрзо“, изјавил еден жител на Пожега за РИНА.

Екипите на ЕПС веднаш излегоа на терен и започнаа со санирање на трансформаторската станица, како и со напори за постепено враќање на електричната енергија. Прв приоритет е снабдувањето во централниот дел на општината, а потоа и во останатите населени места кои се уште се во целосен мрак.

Според првичните процени, нормализацијата на мрежата би можела да потрае неколку часа, а надлежните служби апелираат до граѓаните да останат трпеливи додека дефектот не биде целосно отстранет.

Continue Reading

Свет

Лавров: Русија ќе ги смета странските војници во Украина за легитимни цели

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти кои учествуваат во конфликтот во Украина. Тој посочи дека околу 100 британски војници се вклучени во борбени операции против руските сили.

„По смртта на еден од нив, британската Влада повеќе не може да ја крие вистината. Сега сме принудени да го признаеме директното учество на британскиот воен персонал и специјални сили во војната против Русија“, рече Лавров за време на тркалезна маса посветена на украинското решение.

Британското Министерство за одбрана потврди дека британски војник загинал во Украина додека набљудувал тестирање на оружје од страна на украинските сили. Според весникот „Сан“, покрај британскиот војник, во несреќата загинале и најмалку четворица украински војници.

Лавров додаде дека Москва ќе извлече сите потребни заклучоци од, како што го нарече, „оваа најнова манифестација на вистинската природа на британскиот режим“.

Continue Reading

Свет

Руте: Европа мора да се подготви, Русија може да биде следната закана

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги предупреди сојузниците дека Русија би можела да претставува непосредна закана и дека Европа мора да биде подготвена за конфликт. Тој истакна дека многу земји членки на алијансата не покажуваат чувство на итност и треба брзо да ги зголемат трошоците и производството за одбрана.

„Ние сме следната цел на Русија. Премногу од сојузниците се тивко самозадоволни и веруваат дека времето е на наша страна. Но, времето за дејствување е сега“, рече Руте во Берлин.

Тој додаде дека конфликтот е на прагот на Европа и дека Русија би можела да биде подготвена да употреби воена сила против НАТО во наредните пет години.

Руте повика на засилување на одбранбените напори за да се спречи „војна од една генерација“, потенцирајќи дека сојузниците мора да делуваат веднаш за да обезбедат безбедност во регионот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг