Гест за почит: Пратеник бесплатно ќе ги вози граѓаните: „Време е секој функционер да биде нормален, народски човек“

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски, кој живее во Куманово најави дека од утре неговите сограѓани бесплатно ќе можат да патуваат со него до Скопје и назад.

Време е со личен пример да покажеме дека сме на располагање на граѓаните во вистинска смисла на зборот …….“Оние сограѓани кои патуваат во Скопје а особено(пациенти,студенти и генерално секој кој патува до главниот град) можат секојдневно тоа да го сторат така што ќе патуваат заедно со него.

Имено негова идеја е, од причина што граѓаните се тие кои учествуваат во покривањето на патните трошоци на пратениците(преку плаќање на даноци) тие да бидат и корисниците на овој превоз.

Пратеникот секој ден ќе застанува близу Основниот суд или Општата Болница во Куманово, каде што било кој кумановски граѓанин кој има потреба да патува во Скопје ќе може тоа да го направи заедно со Костовски, без никаков надомест,а истовремено доколку сака ќе може да поразговара со пратеникот за било каков проблем или прашање што го тангира него како граѓанин”…..Мал гест, ама искрен и од срце

ЕЛМАС…ГОЛЧИШТЕ НА ДИЈАМАНТОТ

Каков гол на Елиф Елмас, на нашиот дијамант на мечот Наполи – Парма кој е во тек. Македонецот во 32.минута откако си поигра со петмина противнички играчи прекрасно ја пласираше топката во мрежата на “млекарите“.

Нема што, ВЕЛЕМАЈСТОРСКИ гол за Елиф Елмас кој му носи водство на Наполи од 1:0.

Браво за Македонецот.

Почина сиромашен тутунар татко на 4 деца, се молел да продаде некој пакет тутун!

Жител на долненското село Саждево, 53-годишен тутунопроизводител и татко на четири малолетни деца, починал на откупен пункт, откако претходно, подолго време безуспешно се обидувал да предаде 30 картони тутун за да си го прехрани семејството.

Оваа вест како бомба одекна помеѓу тутунарите и уште повеќе го зголеми нивниот револт, бидејќи, како што кажуваат самите, ова веќе било втор ваков смртен случај за само неколку дена, објави „Алфа“.

Се работи за сиромашно семејство. Некаде две недели одел и се молел да предаде некој пакет тутун, а 30 пакети носел за да ги предаде вчера. Мислам дека му враќале некој од пакетите…Ова е втор случај на починат и не да е втор ТАТ или дека ќе биде, туку дефинитивнои е втор ТАТ тутунот оваа година, затоа што се работи за огромни, огромни суми…реално, кај поединци штетите се и до 10 илјади евра – вели Васко Јосифовски.

„Сите во затвор бе шуги“, Тасевски со нов хит

Јас и Тoто Котуњо, преработка на Лашате ми кантаре.
Имаме хит! – објави актерот Сашо Тасевски.
Послушајте ја песната на Тасевски кој на креативен музички начин ги упатува критиките за актуелните проблеми.

https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10158959759062180

Кафе и ручек во „Иглу“, со мраз ги освојува срцата на посетителите

Гулмарг од Кашмир стана дом на првото и најголемото азиско кафуле во Иглу во Индија. Сместено во скијачкиот центар Гулмарг, кафулето, односно ресторан привлекува огромна посетеност кое е основано од Зелената група хотели и одморалишта Колахој. Првото кафуле во иглу во Индија е единствено искуство и ресторанот кој со мраз ги освојува срцата на посетителите.

Фото: Kashmir Observer

Кафулето нуди раскошни намази, овчо месо, пилешка тика или вегетаријански јадења. Во кафулето „Иглу“, можете да седите и да вечерате на маси и клупи направени од снег. Според Outlook India, посетителите се за заљубени во местото и ги фалат и храната и поставувањето.

Адили: Најголема желба ми е да видам како испаѓа Вардар од прва лига, а Шкендија шампион

„Шкендија ќе имаше голем проблем во борбата за титула во екипата на Шкупи ако тимот останеше голгетерот Дембо. Таков расен стрелец одамна нема играно во македонското првенство и штета што си замина од Чаир. Затоа сум сигурен дека тетовци ќе бидат прваци, а сакам Шкупи и Ренова да се пласираат во европските купот. Но, најголема желба ми е да го видам Вардар како испаѓа од елитата“, изјавил Адили за телевизијата Шења.

Албанецот роден во Скопје, кој некогаш го носеше македонскиот репрезентативен дрес, сега е член на екипата на Влазнија од Скадар, Мевлан Адили кој во минатото играше за Шкупи во три наврати и двапати за Шкендија.

Адили посакува Шкендија да биде шампион, Шкупи и Ренова да играат во Европа, додека најголема желба му е Вардар да испаднат од Првата лига – пренесува спортскиот портал Спорт1.мк.

Нов земјотрес денеска, лоциран на 8км од Кичево

Денеска е почувствуван нов земјотрес во Македонија. Од ЕМСЦ известуваат дека земјотресот е лоциран на 8км од Кичево, со јачина од 3.0 според Рихтер.

Откако „Лајка“ побара 250 евра, по реакциите од јавноста, Пабло се врати дома

Кучето Пабло, кое пред еден месец беше заловено од страна на Лајка се врати дома. Иако „Лајка“ бараше сопствениците да дадат 250 евра или Пабло, кое добило ново име, Том, ќе биде дадено на нови сопственици.

Јавноста вчера, откако Пабло, под новото име Тон, беше огласен за вдомување, се крена против „Лајка“. Се бараше пабло да се врати кај семејството кое се грижело за него откако имал само два месеци. Денеска „Лајка“ на својот профил објави:

Замолуваме да не се злоупотребува случајот со кучето Пабло.Денеска лицата кои тврдеа дека кучето е нивен домашен миленик, беа повикани во нашето прифатилиште и сите недоразбирања се надминати.
ЈП ЛАЈКА СКОПЈЕ е сервис во служба на сите граѓани и работи согласно закон и прописи.
Сите шпекулации и злоупотреби по социјалните мрежи ги демантираме и нагласуваме дека сме постапиле согласно нашите ингеренции – беше реакцијата.

Но, иако Пабло е дома, реакциите од јавноста не стивнуваат:

Срам да ви е! Со вакви евтини квази ПР моменти не се брише тоа што сте го направиле. Да не беа реакциите на ФБ и објавата на А1 он ќе го дадевте Том… некој треба да одговара! А не да и трепкате на јавноста и да мислите дека е глупа! – стои во коментар под објавата на „Лајка“.

Во друг коментар пак стои:

Откако цела јавност ве направи лом, откако цел народ ве мавна од земја и ве направија од гомно подоле, и откако сте ги малтретирале луѓето зборите како сите недоразбирања се надминати.
Не бе , не се сите недоразбирања надминати.
Пробавте да изнудите пари од сопствениците, не ви пројде и ајде сега, еве ние сме добри,ја поправивме грешката.
Одите утепајте се сите таму, гниди.

Се огласи и семејството кое си го врати своето куче. Тие се заблагодарија на јавноста и медиумите кои им помогнаа во борбата да си го вратат кучето дома.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1329396514105662&id=100011059784407

Лидер: Децата ќе гледаат фотографии од хомосексуалци во учебниците за 2-ро одделение?

Според новата концепција за основно образование на МОН, во делот на родово-сензитивното образование визуелно се прикажуваат материјали од истополови парови.

На сликите се прикажани како се бакнуваат две девојчиња и две момчиња.

Бурни се реакциите и од родителите, кои сметаат дека ваквиот вид на образование е вулгарен и неприфатлив. Според нив сексуалното образование се стекнува низ годините во зрелоста, а не во основното образование.

-Ваквите содржини се застапени во наставните програоми на СИТЕ предмети каде што тоа е можно, а во учебниците и наставните материјали за овие предмети, овие пораки, освен што се пренесуваат преку самите текстови, се поддржуваат и преку ВИЗУЕЛНИОТ материјал и преку различните вежби наменети за критичко преобмислување на поимите, пишуваат „Од Нас за Нас“ на Фејсбук.
Целиот статус може да го прочитате на нивната Фејсбук страница.

www.lider.mk

Комисијата за заразни болести донесе најнова одлука за работата на административците

Комисијата за заразни болести на состанокот утринава наводно одлучина административците да не се вратат на работа со полно работно време, односно да работат како досега.

Комисијата требаше да одлучи дали од понеделник Администрацијата ќе се врати на работа, но засега одлуката е да продолжат да работат како досега, во систем на ротација или од дома.

Овој предлог ќе биде испратен до Владата, која на седница треба да одлучува дали ќе го прифати.

Претходно Владата бараше административците да се вратат на работа со полно работно време на почетокот на февруари, но веројатно тоа ќе биде пролонгирано.