„Физички сме силен тим и можеме со секого да се натрчуваме. Многу важно беше што бевме агресивни во дуел играта и не им дозволивме лесни контри. Добро е Македонија да има играчи во Премиер-лигата. Сега сум само јас, но сигурен дека наскоро ќе ми се придружат многу други фудбалери од Македонија бидејќи има многу талентирани играчи. Премиер-лигата е најдобрата лига во светот и горд сум што ја претставувам Македонија во неа“ – рече Алиоски.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски, неговиот тим Лидс вчера го совлада силниот Лестер со 1:3. Aлиоски играше во уште еден одличен натпревар, по кој на македонски јазик даде своја изјава:
Марко Митев (роден на 23 февруари 2003) е македонски ракометар кој игра на позицијата среден бек за РК Алкалоид и македонската машка ракометна репрезентација.
Лични информации
• Датум на раѓање: 23 февруари 2003 (21 година)
• Место на раѓање: Скопје, Северна Македонија
• Националност: Македонец
• Висина: 1,83 м (6 ft 0 in)
• Играчка позиција: Среден бек
Клупска кариера
Марко Митев своите први чекори во ракометот ги направил во младинските категории на РК Аеродром, каде што настапувал од 2012 до 2018 година.
Во својата сениорска кариера, тој ги бранел боите на неколку македонски клубови:
• 2018–2020 – РК Аеродром
• 2020–2023 – ХЦ Бутел Скопје
• 2023–до денес – РК Алкалоид (дрес со број 10)
Репрезентативна кариера
Од 2022 година, Митев е дел од македонската машка ракометна репрезентација, каде што со својата игра и визија на теренот придонесува за успесите на националниот тим.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со својата стратешка определба за подигнување на квалитетот и професионализмот во фудбалското судење.
Во таа насока, оваа година, редовниот Зимски судиски семинар 2025 за судии и контролори од Единствената листа за Првата и Втората МФЛ, кој се одржува од 7. до 11. февруари во Струмица, има посебен акцент на едукацијата, физичката подготвеност и унифицираната примена на правилата на играта, согласно највисоките стандарди на ФИФА и УЕФА, презентирани од досегашните еминентни наши најдобри судии, а сега судиски инструктори, Александар Ставрев, Димитар Мечакровски, Дејан Јакимовски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски, Марјан Кировски и Дејан Костадинов.
– „Судиската организација е еден од клучените столбови на фудбалот, а нејзиниот развој е наша заедничка обврска. Со континуирана едукација, физичка подготовка и јасни критериуми во донесувањето одлуки, ја зајакнуваме довербата во македонскиот фудбал. Овој семинар е од особено значење затоа што преку него ги поставуваме темелите за иден судиски кадар кој ќе ги следи највисоките светски стандарди, особено во еден исклучително значаен претстоен период на имплементација на ВАР системот“, за јавноста изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Повеќе ќе прочитате ТУКА на официјалниот натпис од ФФМ
Република Македонија го одреди државниот буџет со кој ќе се помага спортот во новата календарска година. Утврдено е дека како средства ќе бидат распределени 440.000.000 денари, преку Министерството за спорт.
Информацијата е објавена во Службен весник, а во продолжение прочитајте ја објавата на државните органи во целост.
I. Со оваа програма се распределуваат средства за партиципација во финансирањето на субјекти-корисници од дејноста спорт: националните спортски федерации, спортските клубови, спортистите кои се натпревaруваат во индивидуалните спортови и други субјекти кои имаат решение за дејност спорт во рамки на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година.
Со партиципацијата во финансирањето на односните субјекти-корисници се поттикнува развојот на македонскиот спорт во повеќе сегменти, односно: за развој на националниот систем на натпревари кој го реализираат националните спортски федерации, за остварување тренажни процеси на спортисти поединци, национални тимови и клупски екипи заради нивно учество во рамки на меѓународен систем на натпревари и учество на спортските клубови во рамки на меѓународен клупски систем на натпревари, за обезбедување услови за функционирање на органите и телата на националните спортски федерации и спортските клубови, за организација на светски, европски и регионални меѓународни спортски натпревари и традиционални спортски манифестации, за примена на науката во спортот преку вршење антрополошки мерења на спортистите од страна на јавна високообразовна установа која обезбедува наставна, научна и апликативна дејност од областа на спортот, за поттикнување на развојот на параолимпис- киот, училишниот и универзитетски спорт и спортот за лица со оштетен вид и слух, како и за поттикнување на спортската рекреација.
Средствата за реализација на оваа програма во вкупен износ од 440.000.000,00 денари ќе се обезбедат од Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македо- нија“ бр. 254/24) во Раздел 16201 – Министерство за спорт, а Министерството за спорт се определува истите да ги користи за:
2. Партиципација за финансирање на АКТИВНИТЕ СПОРТСКИ КЛУБОВИ
Средствата се наменети за партиципација во финансирањето на активностите на активните спортски клубови заради: учество во национа- лен систем на натпревари, учество во меѓународен систем на натпревари за индивидуалните олимписки и неолимписки спортови и меѓународен клупски систем на натпревари за екипните олимписки спортови (ракомет, фудбал, кошарка и одбојка), обезбедување тренажни процеси на спортисти поединци и клупски екипи, обезбедување нивна функционалност (просторни ресурси, спортска опрема и реквизити, човечки ресурси и администрирање, тренажен кадар за националните тимови, организација на натпревари, бонуси за натпреварувачите и тренерите, за примена на науката во спортот преку вршење антрополошки мерења на спортистите и обезбедување здравствена заштита, пензиско и инвалидско осигурување и осигурување од последици од несреќен случај и ризици на спортистите, за што се утврдени средства во износ од 363.880.000,00 денари.
3. Партиципација за финансирање на АКТИВНИТЕ СПОРТИСТИ ОД ИНДИВИДУАЛНИТЕ ОЛИМПИСКИ И НЕОЛИМПИСКИ СПОРТОВИ
Средствата се наменети за партиципација во финансирањето на активните спортисти од индивидуалните олимписки и неолимписки спортови заради: учество во национален и меѓународен систем на натпревари, обезбедување тренажни процеси на спортисти поединци и национални тимови, обезбедување спортска опрема и реквизити и обезбедување здравствена заштита, пензиско и инвалидско осигурување и осигурување од последици од несреќен случај и ризици на спортистите, за што се утврдени средства во износ од 10.120.000,00 денари.
4. Партиципација за финансирање на ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА со решение за вршење дејност спорт (националните спортски федерации за училишен спорт, универзитетски спорт, за спортска рекреација, за слепи, за глуви, сојуз на спортски федерации).
Средствата се наменети за партиципација во финансирањето други правни лица со решение за вршење дејност спорт заради: организација на национален систем на натпревари, турнири, традиционални спортски манифестации, регионални спортски натпревари, меѓународни спортски натпревари кои се дел од календарите за натпревари на соодветните меѓународни спортски асоцијации, подготов- ки на национални тимови и спортисти поединци за нивно учество во рамки на меѓународни спортски натпревари, редовно регулирање на обврските поврзани со годишни членарини и котизации за учество на спортистите во рамки на меѓународните спортски натпревари, обезбедување нивна функционалност (просторни ресурси, спортска опрема и реквизити, човечки ресурси и администрирање, тренажен кадар за националните тимови), за примена на науката во спортот преку вршење антрополошки мерења на спортистите и обезбедување здравствена заштита, пензиско и инвалидско осигурување и осигурување од последици од несреќен случај и ризици на спортистите, за што се утврдени средства во износ од 8.800.000,00 денари.