Луѓето се бодат, вртат на ражен прасиќи, кај нас вакцините се чекаат по магариња или по мејл ?

Во Србија 500 илјади вакцинирани до сега. Четири типови на вакцини против ковид набавиле. Луѓето се бодат не прашуваат. Се бара репете. Општонародно весеље. Се бодат и вртат прасиќи на ражен, без маски. А Србија не само што не е во ЕУ и НАТО, туку пред 20 години беше и бомбардирана од НАТО цели 3 месеци, секој ден. Србија направи вакцинален туризам. Од цел Балкан луѓе одат во Србија да се вакцинираат. Прва во Европа по број на вакцинирани. Србија еј! А таму не знаат ни кој им е министер за здравство. Туку да прашам, Филипче, Зоки, до кај се вакцините што ги нарачавте. Идат ли наваму? По караван магариња ви ги пратија? Или ги чекате преку мејл во пдф формат?Што знам јас? Вие сте способните и визионерите. Во вас се крстат луѓето. Поточно оние што некогаш беа луѓе. Останатите ве прочитаа одамна. Ко селски буквар -напиша на Фејсбук актерот Сашо Тасевски.

https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10158971028337180