Маск вградил чип во главата на мајмун за да игра видео игри со умот

Милијардерот и основач на компанијата за електрични возила „Тесла“, Илон Маск, вградил чип во главата на мајмун. Чипот му овозможува на мајмунот да игра видео игри употребувајќи го сопствениот ум.

Тој е среќен мајмун“, рече Маск, кој е поддржувач на бројни други футуристички проекти, вклучително и „Невралинк Корп“, стартап фокусиран на развој на интерфејс мозок-компјутер. Тој рече дека наскоро ќе бидат објавени видеа од приклучени симии, можеби за околу еден месец -пренесе Блумберг.

Маск поддржува голем број футуристички проекти. Еден од нив е и неврокомпјутерски интерфејс. Маск вели дека наскоро ќе објави и видеоснимки со приклучени мајмуни.

„Имаме мајмун со безжичен имплант во черепот, па преку ситни жици може да игра видеоигри со својот ум. Не можете да видите каде е имплантот, но тој е среќен мајмун“, изјавил Маск.

Целта на оваа негова мозочна технологија е третирање на мозочни и ‘рбетни повреди и враќање на изгубените можности кај луѓето преку вграден чип што сега се тестира врз мајмуните.