Бил Гејтс: Доаѓа пандемија 10 пати полоша од оваа која веќе ја имаме

Славниот милијардер и бизнисмен чии бројни предвидувања се остварија – како и она за појавата на пандемија, најави уште една здравствена катастрофа која ни се заканува, а вели дека таа ќе биде значително полоша и попогубна.



За некои алтруистички хуманист, за други бескрупулозен бизнисмен кој стои зад теориите на заговор – но едно е сигурно, Бил Гејтс е успешен човек чии зборови не треба да се земаат лесно.



Имено, основачот на „Мајкрософт“ уште во 2015 година изјави дека „доаѓа пандемија, и наместо да се подготвуваме за неа како за војна, ние се преправаме дека ништо не се случува“, и го повтори истото во ноември 2019 година, откривајќи ги своите предвидувања за претстојната здравствена чума, која според него, наскоро ќе „завладее со светот“.



Тој, уште тогаш предвиде дека тоа ќе биде болест што ќе се шири слично како грипот, но тоа нема да биде грип, туку „болест што светот никогаш не ја видел порано, а тоа ќе се случи во одреден момент во следните 10 години.