Connect with us

Инфо +

На Фејсбук се пофалил дека силувал девојка, па упатил извинување за хакиран акаунт!

Во текст кој го објави Лидер мк извесен С.Д. упатува погрди зборови на ФБ каде се фали дека силувал девојки.

Да го направиме “славен” Stojan Dabevski или Dirk Dabevski. Лицето кое јавно признава дека силувал бидејки го изневерила девојка му. Докази имал дека го изневерувала за тоа не пријавила девојката! Министерство за внатрешни работи иЈавно Обвинителство на Република Македонија  очигледно мораат да се зафанат за озбилна работа, бидејки бројот на вакви не е мал! – пишуваат загрижена граѓанка на социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/monika.tasevska/posts/10220664654659819

По оваа објава лицето наводно упатило и закани на девојката која ги објави постовите.

https://www.facebook.com/monika.tasevska/posts/10220665524121555

По оваа објава тој напиша дека се извинува, дека никого не силувал, туку му бил хакиран профилот.

Advertisement

Свет

Хибридни напади во Германија – Итно повикан рускиот амбасадор

Германското Министерство за надворешни работи денеска го повика рускиот амбасадор поради зголемените и загрижувачки хибридни активности на Русија, кои вклучуваат дезинформациски кампањи, шпионажа, кибер напади и обиди за саботажа, јави ДПА.

„Утринава го повикавме рускиот амбасадор и јасно му нагласивме дека внимателно ги следиме активностите на Русија и дека ќе преземеме мерки против нив“, изјави портпаролот на министерството.

Германските власти ги припишуваат овие активности на руската мрежа „Штура 1516“, која е специјализирана за манипулации и е поврзана со обиди за нарушување на федералните избори што треба да се одржат во февруари.

Портпаролот додаде дека владата подоцна ќе одлучи за натамошните дипломатски чекори. Претходно, германските власти го припишаа кибер нападот врз безбедносните системи за воздушен сообраќај во август на руската хакерска група APT28, објави „Гардијан“.

Continue Reading

Балкан

„Илинден“-Тирана му посакува успешен мандат на Клодиан Брахо и бара истрага за злоупотребите со бугарско потекло

Македонско друштво “Илинден“-Тирана му посакува на г-дин Клодиан Брахо, кој  беше избран за нов раководител на Специјалната структура против корупција и организиран криминал (СПАК).

Македонско друштво “Илинден“-Тирана очекува СПАК со приоритет да го истражи незаконското издавање на уверенија за бугарско потекло од албанските локални институции, како и влијанието што групите посредници за бугарски пасоши го извршија врз процесот на пописот во 2023 година на целата територија на Република Албанија.

Овие групи ја злоупотребија својата моќ и врски за да постават свои попишувачи, при што вршеа притисоци, закани и поткуп врз албанските граѓани со цел да ги принудат да се изјаснат како Бугари и да ги манипулираат податоците од пописот.

Дополнително, бараме истрага за незаконските активности на фондациите од Бугарија, кои делуваат со цел асимилација на автохтоната македонска заедница во Република Албанија, загрозувајќи го нејзиниот идентитет, култура и права.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана честита за достигнувања на СПАК во текот на последните три години под водство на г-дин Алтин Думани, надевајќи се дека понатамошната работа на г-дин Клодиан Брахо ќе биде успешна и во служба на транспарентноста и правдата.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Continue Reading

Свет

Кремљ се плаши од новите американски предлози: можеби ќе бидат неприфатливи

Советникот на рускиот претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков, денеска фрли студена сенка врз американските напори за мировен план, соопштувајќи дека Русија сѐ уште не ги добила ревидираните предлози по последните разговори со Украина. Неговиот коментар е јасен сигнал: „Кога ќе ги видиме, можеби многу работи нема да ни се допаднат“, изјави Ушаков, наговестувајќи дека Кремљ веројатно нема позитивно да ги прифати.

Во меѓувреме, на спротивната страна, претседателот Володимир Зеленски зрачи со оптимизам. Тој објави дека Киев и Вашингтон веќе постигнале целосна согласност околу клучните точки за повоената обнова на Украина. Ова доаѓа по разговорите со Џеред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, и други високи американски функционери.

„Работиме на „економскиот документ“ и Украина е целосно усогласена со американската страна“, истакна Зеленски.

САД не губат време – планот наводно вклучува формирање голем инвестициски фонд во Украина, со посебен фокус на стратешкиот сектор на ретки метали.

И покрај скептицизмот, и Москва сигнализираше интерес за странски инвестиции. „Волстрит журнал“ претходно објави дека американскиот мировен план содржи предлози за вложувања во руските ретки минерали и енергетика. Токму поради ова, изјавата на Ушаков е особено значајна, бидејќи ја крева тензијата околу тоа како ќе изгледа финалниот договор.

Сепак, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се обиде да спушти топката, изјавувајќи дека нема повеќе „недоразбирања“ со Вашингтон за Украина. Но, тој додаде клучен услов: Москва бара евентуалниот мировен план задолжително да вклучува колективни безбедносни гаранции за сите страни.

Судирот на ставови е очигледен. Додека Киев и Вашингтон градат визија за економска обнова, Москва ја задржува својата позиција, барајќи безбедносни гаранции и најавувајќи дека не е подготвена да прифати сѐ што ќе ѝ биде понудено.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг