Connect with us

Инфо +

Димитров: Зa Македонија многу Македонци оделе во затвор и јас сум спремен да ја платам таа цена за македонската кауза!

Published

on

– Одговорност мора да има. Политичка одговорност е основ и услов за обезбедување иднина на една држава затоа што за господинот Димитров законите не постојат. Еден пример е договорот од Нивици без намера да навлегувам во неговата содржина едно е факт, Димитров потпиша договор без да биде овластен од претседателот на државата што е инаку нормална уставна постапка. Затоа што едно изјавувате друго правите а трето се случува и тоа се случува за целата држава. Господине Димитров вие ја загрозивте не само македонската иднина и европската перспектива. Вие го загрозивте постоењето на македонскиот народ, историја, јазик и држава, рече Мизрахи.

Реплицираше вицепремиерот Димитров кој истакна дека во МНР е од 1 август 1996 година и од тогаш до 3 февруари 2021 година – негова мисија е македонската кауза, а во однос на заштитата на македонскиот идентитет и јазик посочи дека македонскиот јазик што го изгубивте во 2006 година е вратен лани во нацрт-преговарачката рамка.



– Јас не сум бил член и уште не сум на ниту една политичка партија. Мене македонската кауза ми е животен повик. Ајде сега да видиме таа кауза каде беше претходно, со сите грешки и слепила направени од слепила, дали зла намера не сакам да верувам, каде е денеска… Бевме Поранешна Југословенска Република Македонија во светското семејство и во сите меѓународни владини организации, државјанството ни беше на ФИРОМ…

Денес сме Северна Македонија и на Република Северна Македонија, не сме Тунгузија, нашата држава, нашата територија за која немаме спорови е во северниот дел на регионот, поширок регион Македонија, заедно со други држави. Македонскиот јазик си е во нашата лична карта и ја заокруживме државноста и членството во Обединетите Нации, рече Димитров.

Македонија

Формиран иницијативен одбор кој бара смена на раководството на ЛДП

Published

on

Во ЛДП се формира иницијативен одбор за промени на раководството поради нивната непринципиелна пазарџиска политика и недемократско водење на партијата, стои во кусото соопштение испратено од меил Одлучно за промени во ЛДП.

Оттаму додаваат дека набрзо и јавно ќе излезат и ќе ги претстават своите позиции и ставови.

Инаку, локалниот битолски портал Апла пишува дека пред два дена на состанокот на ОО на ЛДП во Битола, претседателот Димитар Кузмановски пред триесеттина членови го отворил прашањето дали ЛДП треба да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, на што наишол на бурни реакции на поголем дел од присутните членови, иако имало и неколкумина поддржувачи на идејата да се влезе во коалиција со владејачката партија, повикувајќи се на извори од партијата.

Владе Атанасовски, поранешен секретар на ОО на ЛДП Битола и долгогодишен член на Централниот Одбор на ЛДП за „АПЛА“ вели дека претседателот на општинската организација, Кузмановски образложил пред присутните  дека во комуникација со претседателката Моника Зајкова имале преговори со владејачката ВМРО- ДПМНЕ за коалиција и дека во тек е прецизирање на постапката. Но, како што вели Атанасовски грото од членовите остро се спротивставиле на помислата, а не пак на можната коалиција. Според него општинските организации не се надлежни да дискутираат за тоа прашање, туку тоа е одлука на Конгресот.  И ветераните на ЛДП реагирале на ваквата промена на политиките на партијата, со напомена дека личните интереси не смеат да бидат над идеолошките.

„Партијата ни се распаѓа, ако некој и мисли арно на партијата, претседателката Моника Зајкова и раководството под итно треба да си дадат оставка. Претседателката нема мандат да преговара и коалицира со ВМРО-ДПМНЕ,  таа настапи со програма на која гласаа сите делегати на Конгресот, а таму немаше коалиција со партијата на власт. Затоа сега нека свика Конгрес,  нека настапи со програма дека ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ,  па делегатите нека се изјаснат“, реагира Атанасовски, и додава „целата работа е со цел да се ‘заштитат’ и ‘згрижат’ 4-5 луѓе околу Зајкова. Само се прашувам како Моника ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ кога уште не ги тргнала билбордите низ Скопје сликана со Димитар Ковачевски -Таче? Нека дојде во Битола и сама нека го соопшти предлогот“, повикува Атанасовски, поранешен директор на ЈП „Пазари“ Битола и долгогодишен член на Централниот Одбор на ЛДП.  

Continue Reading

Македонија

Две деца нападнати во основни училишта – едното од соученик на час, а другото од 42-годишник во двор

Published

on

Две деца претрпеле физичко насилство во основни училишта во Скопје и Тетово, од кои едното за време на час од соученик, а другото од 42-годишник во училиштниот двор.

Првиот случај на насилство, за кое информираа од полицијата, се одвивало вчера за време на час во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, кога дете било физички нападнато од друг ученик.

За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, соопшти полицијата.

Во вториот случај, тетовската полиција поднесе кривична пријава против А.С.(42) од Боговиње, тетовско, кој во јуни во двор на основно училиште во селото, физички нападнал малолетник.

Continue Reading

Македонија

Почина 5 годишно дете на Детската клиника

Published

on

Почина 5 – годишно дете како последица од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести. Од Установата информираат дека девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба и се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега каде и била направена и интубација, но како што велат од Клиниката и покрај сите напори на медицинскиот кадар не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит, а завчера констатирале смрт. 

– За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести. За 14 месечното девојче од Грчец се уште се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност, а за новороденчето од Струмица ДСЗИ согласно нивните надлежности не констатираше пропусти во лекувањето.

Засега нема информации дали и каде било лекувано 5 –годишното девојче пред да биде донесено на Детска. Од ДСЗИ информираат дека и за овој случај ќе извршат вонреден инспекциски надзор, по што ќе ја информираат јавноста за фактичката состојба околу третманот на починато дете.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк