Професорката по уставно право Тања Каракамишева реагира за најновото обраќање од бугарскиот премиер Бојко Борисов до „браќата“ од Македонија.
Таа вели по повод изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов, да се намали со братството и да се однесуваме европски, со почитување на различностите, затоа што не сме браќа, ниту сестри, ние се Македонци, а Гоце е Македонец.
Не знам за кои браќа мисли Борисов,јас брат немам,а најмалку сакам Тој да ми биде брат!Дај намалете со братството!Однесувајте се европски и почитувајте ги различните од вас.Ние сме Македонци,Гоце бил Македонец!Вие сте Бугари!Ниту сме браќа,ниту сме сестри! https://t.co/9m4g6zTtom
— Тања Каракамишева Tanja Karakamisheva-Jovanovska (@TKarakamisheva) February 4, 2021
