Дома отпечатил лажни пари, па со нив одел по пpоcтитутки

Маж и платил на жена 2.000 лажни евра за време на првиот состанок, а после тоа и 10.000 лажни швајцарски франци на друга проститутка.

Откако 50-годишен маж потрошил лажни пари во вредност од 85.000 куни на проститутки, тој бил осуден на три години условна казна затвор во судот во Швајцарија за измама, печатење пари и пуштање во промет.

Парите што ги отпечатил дома биле толку лошо направени „што дури и слеп човек можел да примети дека се лажни“, рече претседателот на судот во Базел.

Измамата била откриена откако една жена се обидела да внесе фалсификувани пари на нејзината банкарска сметка следниот ден откако ги примила.

Откако не успеала да ги префрли парите на банкомат, 39-годишната жена ги пријавила необичните банкноти во полиција.

Повеќе https://kumanovskimuabeti.mk/doma-otpechatil-lazhni-pari-pa-so-niv-odel-po-prostitutki/