Македонска апликација за велосипедисти, патеки и конекции за движење

Веб апликацијата „Travelers Cycling“ е нова апликација за велосипедистите.

Апликацијата ја прикажува велосипедската мрежа во неколку градови во Македонија, а притоа мрежата е поделена на неколку категории како велосипедските патеки, тротоари или улици по кои е безбедно да се вози велосипед, а претставуваат конекција на две велосипедски патеки, планински (off-road) патеки.

„На апликацијата може да се пронајде и најблискиот паркинг за велосипеди, локација на јавните сервиси за поправка на велосипеди како и локација на воздушни пумпи кои воглавно се наоѓаат на бензиските станици. При креирањето на апликацијата, првенствено ги вклучуваме најпотребните информации за еден велосипедист, како на пример локацијата на фонтани и чешми кои знаат да бидат доста значајни во текот на летните денови и известување за пречка или времен прекин на одредена велосипедска патека“, велат креаторите на апликацијата.

Таа изгледа вака: https://cycling.travelers.mk/