Connect with us

Инфо +

Бугарите подготвуваат „Бела книга“, а во неа македонскиот јазик е „скопска пишана норма“

Published

on

Бугарите ги употребуваат сите средства за да ги уверат земјите-членки на Европската унија во својата вистина за македонскиот јазик и историјата. За таа цел, на 15 февруари ќе биде објавена книгата „Бела книга за јазичниот спор меѓу Бугарија и Македонија“, како приватна иницијатива, во која ќе бидат вклучени примери „за кражба на бугарската историја, за уништување на бугарските споменици и за репресија врз Македонците кои се сметаат себеси за Бугари“.

За да бидат аргументите поуверливи, тимот којшто стои зад ова дело вклучува и двајца автори од Македонија кои се декларираат како Бугари, Владо Тренески и Деан Танчовски, и еден автор од Албанија.

Исто така, веќе се собираат донации книгата да биде преведена на англиски, германски, португалски и шпански за да можат Европејците, а посебно Португалците како претседавачи со ЕУ, да ја разберат позицијата на Бугарија.

Авторите од Македонија изразија желба, со цел објективно да ја запознаат локалната јавност со фактите, книгата да биде објавена во „скопска пишана норма“ и на албански јазик. За оваа цел, покрај спонзорите од Бугарија, ќе се бараат и спонзори од Република Македонија и од македонско-бугарската емиграција во Западна Европа, САД и Канада.

Ние веруваме дека токму сега е соодветно да се запознае португалското претседателство со ЕУ со природата на постојните проблеми во Р Македонија. Штом ќе бидат подготвени публикациите на бугарски и на странски јазици, ќе ги замолиме организациите на Бугарите во странство и нивните активисти да контактираат со тимот на автори за да им обезбедат копии за дистрибуција меѓу локалните медиуми, политичари, пријатели на Бугарија, библиотеки, тинк-тенкови и итн. На таквата активност гледаме како на долгорочно партнерство и создавање на бугарско лоби во странство. Со оглед на можностите, некои од авторите би биле вклучени во презентацијата на Белата книга во странство. Сите бугарски печатени, радиодифузни и други електронски медиуми исто така ќе бидат снабдени со потребните копии, стои во најавата за книгата.

Според најавата, оваа книга ќе биде дистрибуирана преку лични посети и состаноци со претставници на странски дипломатски мисии во Софија и Скопје. Бидејќи средствата за нејзиното објавување се собираат преку донации, хартиените и електронските изданија ќе бидат дистрибуирани бесплатно.

Фактот дека вистината е на наша страна не е доволен. Потребна е вистинска акција за да се поддржи вистината.Покрај тоа, апелираме до сите свесни Бугари да не влегуваат во груби спорови со граѓаните на РС Македонија, бидејќи тие се наши браќа. Во моментов, сајбер просторот е полн со тролови чија цел е ширење на вештачка поделба меѓу населението од двете страни на бугарско-македонската граница преку ширење лажни вести и говор на омраза. Во моментов имаме поделба. Сепак, тоа не ни одговара и мора да ги смениме условите поставени од други, порачуваат авторите на книгата.

Прочитајте и…  Мургоска-Станимировиќ: Благ пораст на новозаразени, „британскиот сој” не е за паника туку за придржување на мерките

Според објавената содржина, во книгата се споменуваат сите македонски просветители како пример за лажирање на историските факти и на нивното творештво, како Рајко Жинзифов, Григор Прличев, Браќа Миладиновци, Јоаким Крчовски и други.

Европа

Орбан откри што сакаат европските лидери кога е во прашање војната во Украина

Published

on

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека ситуацијата на фронтот во Украина останала непроменета и дека верува дека повеќето европски лидери се за продолжување на војната.

Говорејќи пред новинарите по време на самитот на ЕУ во Брисел, Орбан истакна дека САД јасно ставиле до знаење дека ќе го намалат обемот на поддршка за Украина и дека во некои области ќе ја прекинат, па сега Европјаните се соочуваат со дилемата дали Украина треба да ја продолжи војната само со европска помош.

„Повеќето европски лидери се за продолжување на оваа војна. Украина мора да продолжи, и Европа не само што ќе го преземе товарот што досега го носеше, туку и финансискиот и воениот товар што Америка го носеше до сега“, изјави Орбан.

Тој на социјалната мрежа Х додаде дека „неговиот неодамнешен престој во Франција потврдил дека, иако може да има несогласувања во однос на начинот на постигнување мир, постои согласност дека одбранбените капацитети на европските нации треба да се зајакнат и дека тоа треба да го направат земјите-членки на ЕУ, а не бирократите од Брисел“.

Continue Reading

Европа

Путин: Некои луѓе заборавиле што се случи со Наполеон

Published

on

„Некои луѓе заборавиле што се случи со Наполеон“, изјави рускиот претседател Владимир Путин, еден ден по изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја нарече Москва закана за Европа и зборуваше за заштита на другите европски земји со францускиот воен арсенал.

Наполеон беше запрен во своето освојување на Русија по влегувањето во Москва во 1812 година, но беше принуден да се повлече поради суровата зима, со големи загуби на животи.

„Сè уште има од оние кои сакаат да се вратат во времето на Наполеон, заборавајќи како тоа заврши“, рече Путин во телевизиско обраќање, без да го спомене директно Макрон.

Путин додаде дека Русија се залага за мир во Украина кој ќе ја обезбеди нејзината долгорочна безбедност и развој.

„Мораме да избереме мировна опција која ќе ни одговара и која ќе обезбеди траен мир за нашата земја“, им порача Путин на жените кои ги изгубија своите блиски во војната во Украина.

„Не ни треба ништо туѓо, но не го даваме ни тоа што е наше“, изјави Путин.

На прашањето од мајка на паднат војник дали Русија ќе се повлече, Путин одговори дека таква намера нема.

Continue Reading

Свет

Додека европските лидери се собраа за поддршка на Зеленски и Украина, Маск испрати нова провокација до украинскиот претседател

Published

on

Додека европските лидери се собраа во Брисел во обид да покажат непоколеблива поддршка за Украина, Eлон Маск упати нова провокација кон украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Украина мора да одржи избори. Зеленски убедливо ќе ги изгуби“, напиша Маск на својата платформа Х.

Оваа провокација доаѓа по извештајот на Политико, кој објави дека блиски соработници на Доналд Трамп организирале тајни состаноци со политички опоненти на Зеленски, испитувајќи дали Украина може да организира брзи претседателски избори.

Сепак, анкетите покажуваат сосема различна слика од тврдењата на Маск. Најновите истражувања на јавното мислење укажуваат дека Зеленски убедливо би победил ако изборите се одржат сега.

34,2% од Украинците би гласале за сегашниот претседател, додека најблискиот противкандидат, поранешниот шеф на Генералштабот на Украинската армија и сегашен амбасадор во Велика Британија, Валери Залужни, има само 17,9% поддршка.

Поранешниот претседател и опозициски лидер со кого луѓето на Трамп се сретнале, Петро Порошенко, има само 8,2% поддршка. Поголема поддршка немаат ниту останатите опозиционери, како Јулија Тимошенко со 5,3% и поранешниот сопартиец на Зеленски, Дмитро Разумков, со 5%.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк