Захариева: Не се надевајте на ЕУ, негувате омраза кон Бугарија

Шефицата на бугарската дипломатија и премиер, Екатерина Захариева, ја критикуваше изјавата на премиерот Заев дека позицијата на Бугарија е непринципиелна и спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите, во понеделникот на дебатата на американскиот тинк-тенк Атлантски совет на тема „Македонија на прагот на Европа“, јави дописникот на МИА од Софија.

Захариева истакна дека нивниот проблем е тоа што сметаат дека се негува омраза кон Бугарите и оти не се исполнува Договорот.

„Принципиелно ли е да воспитуваш генерации по генерации со омраза кон соседната држава и целиот нејзин народ. Проблемот е дека се негува омраза кон Бугарите, дека не се исполнува Договорот. Не може во 21 век да продолжуваат овие форми на секаков вид дискриминација“, рече Захариева во одговор на изјавата на Заев.