Ердоган ќе оди на Месечината, ние чекаме ваксајнс

Турскиот претседател Ердоган информираше дека за 18 години обезбедиле 2,1 милијарди лири за 56 проекти поврзани за сателити, вселената, лансирани системи и вселенска опрема.

Со учество на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, претставена е Националната вселенска програма на Турција, во рамките на која се презентирани целите и проектите на Турција во областа на вселената, јавува Агенција Анадолија (АА).

Церемонијата на претставување на Националната вселенска програма на Турција се одржа во Националниот конгресен и културен центар при турското Претседателство.

Претседателот Ердоган во своето обраќање изрази надеж дека успешно ќе биде реализирана мапата на патот која Турција ќе ја доведе до повисок ранг во глобалната вселенска трка.

„Турција ги отвора вратите на небеското патување на својата цивилизација која со векови е пионер во правдата, моралот и мирот во светот”, рече Ердоган.

Тој информираше дека за 18 години обезбедиле 2,1 милијарди лири за 56 проекти поврзани за сателити, вселената, лансирани системи и вселенска опрема.

„Имаме обврска повторно нашата цивилизација да ја направиме голема за да целото човештво живее во мир и стабилност”, истакна турскиот претседател.

Тој рече дека „целта на Турција е пристап до вселената и основање вселенска станица.”

Фото: Новинска Агенција Анадолија

Исто така, турскиот претседател додаде дека меѓу целите на Турција е основање зона за развој на вселенската технологија.

„Успеавме да заземеме место на страна која со инвестициите во дронови и невооружени дронови во вистинско време ја менува играта”, изјави Ердоган.

Според турскиот претсдател „десеттата и последна цел на вселенската програма е државјанинот на Турција да го испрати во вселената.”

„Турција во рамките на Националната вселенска програма планира до крајот на 2023 година на Месечината да дојде со ракета”, потенцираше Ердоган, пренесува Анадолија.