„Нема кој да ја врати мајка ми, откако ја заразија со КОВИД и никој нема да сноси последици“

Граѓанка на Фејсбук напиша трогателен статус по повод смртта на нејзината мајка, која како што вели починала од КОВИД19, а била заразена по нејзините информации од страна на доктори и сестри на клиниката за Нефрологија.

Таа во насока на помош за истрагата, која прашува до каде е, вели дека никој нема да сноси последици што нејзината мајка повеќе ја нема, затоа што никој за ништо не одговара во оваа држава.