Се скарале, па му го запалил автомобилот, направил штета од 6000 евра

Скопјанец поради нерасчистени семејни односи запалил возило на роднина со што предизвикал штета од околу 6000 евра.

Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против С.И.(45) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност” предвидено и казниво по чл.288 од Кривичниот законик, со кое причинил штета од околу 6.000 евра.

Истиот ден околу 04.30 часот во с.Сарај, поради нерасчистени семејни односи, пријавениот С.И. предизвикал пожар во патничко возило „голф 5″, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.А.(25), при што возилото било во целост опожарено.