Денеска се слават Светите Три Јерарси: Најголемите во еден празник за слава на Бога

Денеска се слават Светите Три Јерарси: Васили Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст: Најголемите во еден празник за слава на Бога!

Македонската православна црква на 12. февруари ги слави Светите три Јерарси: Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, имаат свој посебен ден на празнување во јануари и тоа: Василиј Велики – 1.јануари, Грирориј Богослов – 25. јануари и Јован Златоуст – 27. јануари и 13. ноември.

Светителите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари. Но, овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на царот Алексиј Комнен. Еднаш однекаде настана расправа меѓу народот околу тоа кој од овие тројца светители е најголем. Едни го величаа светиот Василиј заради неговата чистота и храброст, други светиот Григориј за недостижната длабочина и висина на умот во богословието; трети воздивнуваа по светиот Јован, заради неговата чудесна благоглаголивост и јасност во изложувањето на верата. И така едни се нарекуваа василијани, други григоријани, а трети јованити. По Божја Промисла овој спор беше решен во корист на Црквата и на уште поголема слава на овие тројца светители.