Connect with us

Инфо +

Пак проблеми со Кочанскиот воз: Удрил во автомобил кај Горни Подлог

Published

on

Ова е втора незгода за краток период на истиот железнички премин, откако пред неколку месеци воз удри во автомобил. Пред пет дена, патничкиот воз за Кочани излета од шините кај Овче Поле, но за среќа немаше повредени, денеска пак проблеми со возот.

Патнички воз на релација Скопје – Кочани вечерва околу 19 часот удрил во патничко возило на железничкиот премин кај кочанското село Горни Подлог. Според првичните информации, освен материјална штета на возилото, нема повредени – МИА.

Станува збор за необезбеден премин преку пругата, каде освен еден сообраќаен знак, нема светлосно-звучен сигнал, ниту рампа.

Полициски екипи вршат увид на местото на настанот, а сообраќајот на патниот правец кон селото Горни Подлог два часа беше во прекин.

Македонија

СО 5 ЕВРА САКАЛ ДА ГИ ПОДМИТИ ПОЛИЦАЈЦИТЕ апсење на граничен премин Блаце

Published

on

Вчера во 21.10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 28-годишниот В.Л. од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик.

При пасошка и гранична контрола, тој на увид дал сообраќајна дозвола за автобусот со косовски национални ознаки, кој го управувал и патна исправа во која ставил банкнота од 5 евра.

Лицето било предадено во Полициската станица Мирковци за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Скопје

Наскоро во Скопје систем за споделување електрични возила како дел од јавниот превоз

Published

on

Се работи за приватна инвестиција на „Авант кар“ од Словенија во систем за заедничко користење на возила, а се предвидува проектот да придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, намалување на сообраќајниот метеж и развој на модерни транспортни решенија.

Писмо за намери за поддршка на првиот проект за 100-проценен електричен кар-шеринг, односно систем за споделување електрични возила, на словенечката приватна компанија „Авант кар“ денеска потпишаа првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Се работи за приватна инвестиција на „Авант кар“ од Словенија во систем за заедничко користење на возила, а се предвидува проектот да придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, намалување на сообраќајниот метеж и развој на модерни транспортни решенија. Неговата тест фаза ќе почне во февруари, а во март ќе може да се почне со целосната услуга. За користење на услугата ќе биде неопходна мобилна апликација преку која ќе се наоѓа достапно електрично возило, а плаќањето ќе биде дигитализирано или преку платежна картичка. За изнајмувањето електрична возило ќе се плаќа по минута и изминат километар. Во февруари ќе се знае колку ќе чини изнајмувањето, но како што вели сопственикот на „Авант кар“, Матеј Чер е пониско од користењето на такси услуга и во просек ќе биде од три до шест евра, а од центарот на градот до Скопскиот аеродром ќе чини од 10 до 15 евра. Како што најави Чер, веќе се подготвени 100-тина електрични возила за Скопје.

Гази Баба, Аеродром и Чаир ќе бидат пилот општини каде ќе биде поставена инфраструктура за полнење на електричните возила, а полначите според министерката Божиновска ќе се напојуваат исклучиво со електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија.

Таа истакна дека е за поздравување секоја иницијатива која придонесува да се смени сегашноста на подобро.

-Овој договор претставува партнерство изградено на иновација, акција и заедничка верба дека јавните институции и приватните компании можат заедно да постигнат одлични резултати. Авант кар веќе го докажа трансформативниот потенцијал на своите проекти во Љубљана, Дубровник, Загреб и Виена. Нивниот систем за споделување електрични возила значително го намали сообраќајниот метеж и го подобри квалитетот на воздухот. Нивната иновативна инфраструктура за полнење напојувана со обновлива енергија постави репер за решенија за зелена мобилност, рече Божиновска.

Нагласи дека системот за споделување на електрични возила не е само модерен начин на транспорт, туку е и доказ за нашата амбиција да се усогласи технологијата со одржливоста.

-Со вакви иницијативи испраќаме јасна порака – Македонија е земја што ја вреднува својата иднина и презема акција за да ја обезбеди. Покажуваме на приватниот сектор дека ова е место каде иновациите успеваат, а инвестициите носат трајни резултати, потенцира Божиновска.

Вицепремиерот Меџити истакна дека Скопје мора да направи нешто за да го врати чистиот воздух, здравата животна средина и зелените перспективни, нешта што ги изгуби.

-Денеска започнуваме нешто за што се надеваме дека ќе остави почисти улици, поздрави граѓани и светла иднина за Скопје. Потпишувањето на писмото за намери претставува конкретна и видлива акција за решавање на еден од најгорливите предизвици со кои се соочуваме, загадениот воздух. Претставува можност за поздраво и поеколошко Скопје, посочи Меџити.

Целта е, додаде, на овој начин директно да влијаеме на намалување на емисиите на ЦО2 и загадувањето што е и приоритет на МЖСПП, а воедно и граѓаните да имаат можност за поекономичен транспорт.

-Како Министерство нашата задача е да ги поддржуваме ваквите иновативни решенија кои имаат директен и позитивен ефект врз животната средина. Овој проект е доказ дека е можно преку јавна поддршка и приватна иницијатива да создадеме поздрави урбани средини, рече Меџити и додаде дека верува оти електричниот кар-шеринг ќе биде модел и за другите градови во земјава и ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж.

Компанијата „Авант кар“ е присутна на пазарот повеќе од 20 години и работи во Словенија, Хрватска и Австрија. Пред 12 години почна со електрична мобилност и во моментов има повеќе од 10.000 електрични возила. Со кар-шеринг започна во 2016 година во Љубљана каде сега тоа е дел од јавниот транспорт и го користат сите слоеви на заедницата.

Continue Reading

Македонија

Веќе се враќа правната држава и довербата во институциите, вели Меџити

Published

on

Владата го направи своето и веќе се враќа правната држава и довербата во институциите, порача денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

-Пораката од Владата е дека никој не е над законот и секој што згрешил треба да одговара. Останува на МВР, судството и обвинителството да се занимаваат со случајот Груби и со другите, рече Меџити во одговор на новинарско прашање по денешното потпишување Писмо за намери за поддршка на првиот проект за 100-проценен електричен кар-шеринг, во просториите на Владата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк