Connect with us

Инфо +

Бугарските и другите словенски јазици настанале од Македонскиот – тврделе германските лингвисти

ГЕРМАНСКИТЕ ЛИНГВИСТИ КИНДЕР И ХИЛГЕМАН:-,, БУГАРСКИОТ И ДРУГИТЕ СЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ НАСТАНАЛЕ ОД МАКЕДОНСКИОТ”. Цитатот е од книгата ,,The Penguin Atlas of World Histori”, p 111, Vol. 1, bi Hernann Kinder and Werner Hilgemann.

Приказната иде вака. Koга Римјаните ја покриле Македонија, виделе со какво културно богатство располага, веднаш почнале со копирање. Првите прилагодувања започнале со автори познат како Ливиј Андроник. Сенаторот Ливиј купил роб по име Андронк и го одредил да биде воспитувач на неговите деца. Кога на робот му била дадена слобода се наименувал Ливиј Андроник. За потребите на своите оредавања тој го превел Хомеровиот еп ОДИСЕЈА на латински јазик. Тоа е прв уметнички обид за превод од јазикот на Хомер, од јазикот на Македонците од тоа време. Понатаму Киндер и Хилгеман велат:-

,, ОВОЈ ХОМЕРОВ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК СЕ ЗБОГАТУВАЛ И ПОСТЕПЕНО СЕ РАЗВИВАЛ ВО МОДЕРЕН ЈАЗИК, ШИРЕЈКИ И УПОТРЕБУВАЈКИ ЗАСЕБЕН ДИЈАЛЕКТ ОД КОЈ ПОДОЦНА НАСТАНАЛЕ РУСКИОТ, ПОЛСКИОТ, ХРВАТСКИИТ, СРПСКИОТ, ЧЕШКИОТ, СЛОВАЧКИОТ, БУГАРСКИОТ И ДРУГИ ЈАЗИЦИ, ДЕНЕС ПОЗНАТИ КАКО СЛОВЕНСКИ, ЗАСНОВАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ”. – напиша еден граѓанин на Фејсбук статус.

No photo description available.

„Ајде сега братја Б’лгари, сеуште ќе тврдите дека пред 1944 год не постојат Македонци и македонски јазик? Ова треба да го прочитаат и нашиве историчари и политичари. Особено специјалниот пратеник Бучко, кој по последните изјави повече ќе му прилега да си го смени мето во ,,Буклук” – вели тој.

Балкан

Грчките земјоделци го блокираа аеродромот на Крит, во знак на протест

Гневот на грчките земјоделци ескалираше во вистински хаос, парализирајќи го меѓународниот аеродром „Никос Казанѕакис“ во Ираклион, Крит. Десетици бесни земјоделци – чие трпение е прелиено поради катастрофалното доцнење на исплатата на субвенциите – упаднаа на аеродромската платформа, принудувајќи ги властите веднаш да ги суспендираат сите летови.

Сликите од локалните медиуми говорат за невидена сцена: земјоделци, кои протестираат против, како што ја нарекуваат, колективна казна, стојат на асфалтот, место резервирано само за авиони.

Не само што го блокираа најголемиот аеродром, туку протестите се претворија во насилни судири со полицијата за разбивање демонстрации во Ханија, вториот по големина град на островот. Според извештаите, избувнаа жестоки пресметки во кои, наводно, биле повредени две лица.

Полицајците биле принудени да употребат солзавец за да ја растераат толпата, додека револтираните земјоделци одговориле со камења и дрско превртување на полициско патролно возило.

Причината за овој национален револт е доцнењето на исплатата на земјоделските субвенции поддржани од Европската унија. Доцнењето е директна последица на тековната ревизија на сите барања за субвенции по скандалот за лажни барања.

Земјоделците тврдат дека оваа „колективна казна“ ги доведува до долгови и ги прави неспособни да ги засадат своите полиња за следната сезона.

Во меѓувреме, грчкиот земјоделски сектор се соочува и со удар од болести, како појавата на овча и козја сипаница, што резултираше со масовно колење на добитокот.

Хаосот на Крит е само дел од поширокиот протестен бран што ја зафати Грција. Низ целата земја, земјоделците распоредија илјадници трактори и земјоделски возила на граничните премини, клучните точки долж автопатиштата, пристаништата и другите аеродроми.

Земјоделците порачуваат: нема да се повлечат додека не се реши нивниот финансиски кошмар. Грција е блокирана, а владата е под огромен притисок да најде брзо решение за оваа ескалирачка криза.

Continue Reading

Европа

Квотата е исполнета – Германија до крајот на 2025 веќе нема места за работници од Западен Балкан

Годишната квота за издавање работни дозволи според специјалната, преференцијална Западнобалканска регулатива е исцрпена, а Германската агенција за вработување (БА) ги одбива сите нови барања до крајот на 2025 година.

Работодавците се ставени пред свршен чин: сите 50.000 работни дозволи, чиј број беше зголемен во јуни 2024, веќе се доделени на работниците од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија.

Германската агенција за вработување упати јасно предупредување до работодавците: одбиените апликации за оваа година нема автоматски да се пренесат за следната! Компаниите ќе мора да поднесат ново барање, иако охрабрувачки, тоа може да го сторат веќе овој декември, со надеж за 2026 година.

Потсетување: Според забрзаната процедура, работодавците прво добиваат претходно одобрение од Агенцијата за вработување, по што работниците од регионот, со веќе склучен договор, брзо ги добиваат потребните документи во конзуларните претставништва.

Наспроти итноста на пазарот на труд, владејачката германска коалиција (ЦДУ/ЦСУ и СПД) удира со нов удар! Во коалицискиот договор е договорено бројот на бенефицирани барања за Западен Балкан драстично да се намали – и тоа преполовување на квотата од 50.000.

Оваа најава наиде на остри критики од здруженијата на работодавци, кои предупредуваат на колапс.

Германското здружение на хотелиери и угостители (ДЕХОГА) е особено гласно во отпорот! Тие апелираат дека угостителството очајно има потреба од мотивирани работници и бараат квотата не само да не се намали, туку и да се зголеми и прошири на други земји.

ДЕХОГА остро ги отфрла и стравовите дека странските работници ќе го оптоварат социјалниот систем, нагласувајќи: „Западнобалканската регулатива гарантира дека работниците доаѓаат со веќе потпишан, важечки договор кој им обезбедува егзистенција. Ова е решение за дефицитот, не социјален проблем.“

Continue Reading

Европа

Пленковиќ вели дека безбедноста на Европа е во голема опасност.

plenkovic

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Париз изјави дека Европа се наоѓа на историска пресвртница, потенцирајќи дека нејзината безбедност е сериозно загрозена и дека инвестициите во одбраната мора да бидат врвен приоритет.

На предавањето во Францускиот институт за меѓународни односи (IFRI), насловено „Европа на крстопат: Потврдување на суверенитетот во свет во промена“, Пленковиќ предупреди дека „Европската безбедност е загрозена, а нарушени се и дел од темелите на трансатлантските односи“.

Тој нагласи дека на европските општества веќе не можат да им се земаат здраво за готово институционалната, енергетската и демографската стабилност. Премиерот предупреди дека Европа се соочува со најопасната безбедносна состојба по Студената војна, особено посочувајќи на руската агресија врз Украина, ескалацијата на хибридните закани и забрзаното руско производство на оружје.

„Затоа Европа мора да ја прилагоди својата индустрија, залихи и инвестиции за да одговори на противникот кој своето стопанство го стави во служба на војната“, рече Пленковиќ.

Пленковиќ ја истакна Хрватска како пример за зајакнување на одбранбените капацитети, наведувајќи дека земјата го тројно го зголемила својот одбранбен буџет за помалку од десет години. Тој најави дека Загреб планира да достигне 2,5% од БДП за одбрана до 2027 година, а три проценти до 2030 година.

Премиерот, исто така, потенцираше дека Хрватска е меѓу водечките производители на FPV дронови и активно соработува со Холандија и Летонија во коалицијата за дронови. Хрватските компании, додаде тој, држат 80% од светскиот пазар на машини за далечинско разминирање.

Во однос на војната во Украина, која ја оцени како „одлучувачки тест за европската безбедност“, Пленковиќ се заложи за праведен и одржлив мир со целосно почитување на украинскиот суверенитет. Тој информираше дека од 2022 година, Хрватска ѝ помогнала на Украина со 317 милиони евра и примила 30.000 украински бегалци.

Осврнувајќи се на новата американска стратегија за национална безбедност, која зборува за „цивилизациско пропаѓање на Европа“ и поддршка на крајната десница, Пленковиќ оцени дека ова сигнализира длабока промена во перцепцијата на Вашингтон за својата глобална улога.

„Европа мора да се подготви да преземе поголема одговорност за својата безбедност – не против САД, туку за стабилноста на трансатлантскиот простор“, нагласи хрватскиот премиер.

На крајот, Пленковиќ го истакна проширувањето на ЕУ како геополитичка нужност, изразувајќи силна поддршка за интеграцијата на земјите од Западен Балкан, како и Украина и Молдавија, со посебен акцент на важноста на Босна и Херцеговина.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг