Connect with us

Инфо +

Снегот пристигна во Скопје: Синоптичарите најавуваат нешто што никој не го очекуваше

Published

on

Облачно, студено и ветровито време ќе преовладува денеска во државата. Пообилни врнежи од снег се очекуваат во попладневните и во ноќните часови кон недела особено во југозападните делови.

До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка, а понекаде во југозападните делови висината на снежната покривка ќе надмине 20 сантиметри. На планините снежната покривка ќе се зголеми.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде во горниот тек на Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -5 до 1 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура до -6 и максимална до -1 степен.

Синоптичарите најавуваат период на многу студено време со умерен до засилен северен ветер. Во деновите од викендот и во ноќта кон недела, ќе биде облачно со врнежи од снег пообилни во југозападните делови. Утринските температурите ќе бидат особено ниски од почетокот на наредната седмица и понекаде ќе се спуштаат и под -15 степени. Дневните температури само понекаде ќе се искачуваат до некој степен над нулата.

Македонија

Касами почна со рушење на дивоградбите во Тетово

Published

on

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, најави засилени инспекциски активности за ослободување на узурпираните јавни простори. Тој нагласи дека Тетово не е приватна сопственост, туку заеднички дом за сите граѓани, повикувајќи на одговорност и грижа за редот и безбедноста во градот.

Видео: https://www.facebook.com/share/v/1BVFW1vbYp/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading

Инфо +

Претседателката Сиљановска-Давкова со порака за европска иднина и регионална стабилност

Published

on

На традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор акредитирани во нашата држава, претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, упати силна порака за европската иднина на земјата и значењето на регионалната стабилност.

Таа им посака на дипломатите, нивните семејства, држави и нации, како и на Европската унија и нејзините граѓани, сè најдобро во 2025 година. Во својот говор, претседателката истакна дека 2025 година треба да биде година кога Македонија конечно ќе тргне кон својот „европски политички дом“, каде што географски, историски и културно припаѓа.

„Ако Западниот Балкан е ‘Ахилова пета’ за поетски настроените западни политичари, тогаш тие треба да се грижат да не биде погоден од било какво оружје,“ нагласи Сиљановска-Давкова, упатувајќи повик за зајакнување на безбедноста и стабилноста на регионот.

Таа ја потенцираше важноста на реформите, повикувајќи на европеизација на земјата според Копенхашките критериуми и истакнувајќи дека членството во ЕУ ќе биде моќен мотиватор за демократизација и трајна стабилизација на регионот.

Претседателката посочи и на клучната улога на дипломатијата во препознавањето и справувањето со негативните трендови што претставуваат сериозна закана за европскиот мир.

Со оваа порака, Сиљановска-Давкова уште еднаш го потврди силниот ангажман на Македонија за европска интеграција и придонес кон заедничка европска иднина.

Continue Reading

Македонија

Истрага за обид за разбојништво

Published

on

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, сторено согласно член 19 (во обид), како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 72-годишник, на 15 јануари, влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата “Прилепска” во Битола и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои. Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа да ги стави парите во торбичка што и ја подал. Таа одбила по што ја удрил неколку пати со хеблата по раката и телото. Оштетената избегала надвор од објектот, по што и осомничениот го напуштил местото.

Разбојништвото се обидел да го изврши со пиштол марка „Црвена застава“ што го држел неовластено.

При претрес во домот каде престојувал било пронајдено оружјето и осум куршуми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк