Утре „чочек“ на Табановце пристигнуваат вакцините од Србија

Владата известува дека утре, 14.02.2021 година (недела), во 10:00 часот изутрина на граничниот премин Табановце ќе пристигне првата пратка на вакцини од Република Србија.

Што би рекле тролачите на Твитер, утре ќе има чочек на Табановце 🙂

На примопредавањето Владата извести вечерва дека ќе учествува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев.

Граѓаните се загрижени дека може чочек нема да се игра заради невремето и снегот 🙂