Како дел од познатите Македонки го славеа Трифун и Валентин (Фото)

Вака дел од познатите Македонки го славеа празникот: Која Св. Трифун, која Св. Валентин, која обата со вино, цвеќе, прегратки, пораки, песни и пози во постела од рози!

Познатите Македонки го славеа празникот која како посака… Едни Сб. Трифун, други Св. Валентин, трети обата… подготвени да сподеклат љубов и понекоја чаша вино.

ТВ водителката Елена Стефановска последнава године е вљубена, а тоа јавно и не го крие… А љубовта најдобро оди во пакет со малку романтика на скриено осамнео место и секако чаша добро црно вино.

Лила Филиповска го прослави Св. Валентин во друштво, но соло… И далеку од дома, зашто нашата позната водителка најпрвин замина за Кападокија, а веднаш по пристигнувањето не чекаше многу за да објави фотографии.

А и нејзината рекција во стилот: „Абе ајде, ти се молам…“,  кога ќе ја прашаат како ќе го прослави Валентин.

Нина, сопругата на нашиот ракометен голман Борко Ристовски се пофали со букет „црвени рози за вас мадам“ за празникот. “Секој ден од годината да сте ми сакани, почитувани, галени и разгалени. Ако не е така  самите секогаш може да го промените тоа. Среќен празник“ – порача Нина.

Младата македонска манекенка и топ модел Бојана Нушкова која во последно време работи и гради кариера во Турција, празникот ја затече дома… Барем засега и накратко…

Екс водителката , сега позната инфлуенсерка Миа Костова ги спои двата празника за сопствена среќа: Доза на љубов и вино за денот да и помине повеќе од фино. Со чашата пијалок на боговите в рака и во женска ли прегратка, Миа покажа, ама и порача:

„Љубов. Никогаш никој да не ви каже кого да сакате, колку да сакате и дали треба да сакате и колку тоа треба да трае. Да уживате во сѐ што ве прави среќни затоа што животот е краток а и времето кое го поминувате во смеење не е секој ден. Што и да славите, нека е живели“!

Ноне Неделковска наводно веќе не е во љубов со никого. Со Јамјака ја раздели работата, со Србија короната… Па сепак, некогашната пејачка не шеташе сама по снегот за Свети Валентин…

Уште почудна, па дури и бизарна беше и пораката на македонската мисица и модел Емилија Розман.

Македонската ријалити ѕвезда и трендсетерка Елеонора Миљковиќ славеше во Белград во познато друштво.

Повеќе на статијата од Вистина.мк