Начинот на кој во Тетово се чистат улиците стигна и до швајцарскиот медиум „Блик“

Начинот на кој се чистат улиците во Тетово стигна и до угледниот швајцарски „Блик“.

На видеото се гледа како вработен во ЈП за патишта како стои во задниот дел на камионот и со рачно фрла сол низ улиците на градот.

Во веста пренесена од швајцарскиот портал, пишува за тоа како работниците во Македонија се борат со снегот со „минимално ниво на стрес“ и пишува дека „тој попрскува сол на патот покриен со снег, како и другите што ја посолуваат својата супа.

Инаку, иако надлежните за чистење на улиците и патиштата најавуваа дека се подготвени за првиот снег, сепак истиот вчера успеа да ги изненади и речиси да ја паралеризира целата држава.

Видеото од чистењето на снегот во Тетово која беше пренесена од швајцарскиот медиум можете да ја погледнете ТУКА.