Заменикот директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Самка Ибраимовски кој е еден од најспоменуваните во контекст на снегот на македонските патишта наместо да се фокусира на патиштата најде време да дели совети како да се освои жена.
“Честит Св. Трипун, и на заљубените Валентајн.
И да знаете вистинска жена се освојува со добрина”, пишува Ибраимовски кој е лидер на ПЦЕР која коалицира со СДСМ, беше министер без ресор а беше и пратеник.
Посебна приказна е поделбата на вистинска и невистинска жена на какви директорот го дели поубавиот пол.