Членовите на УО на ФФМ си поделиле по 20.000 евра за пласманот на ЕП!

Председателот Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини заедно со членовите на Управниот одбор (УО) убаво си се почестиле со по 20.000 евра премија за пласманот на македонската фудбалска репрезентација на Евро 2021, пишува Спорт1.мк.

Вкупно 300.000 евра ќе чини луксузната награда за Сејдини и компанија (УО брои 15 члена), кои сами си се почестиле за историскиот пласман на ЕП, па секој член ќе добие по 20.000 евра што е за нијанса помалку од тоа што на пример дел од фудбалерите, кои беа само резерви и не играа на еден од двата баражи за пласман, го добија како дел од колачот од премијата вредна 3,2 милиони евра.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, пред два дена откако ѝ објави војна на ФФМ, посочи дека луѓето во федерацијата работат само за лични интереси.

„Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот уште ви е во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата, што гиневме за македонскиот дрес“, објави меѓудругото Пандев во обраќањето.