Connect with us

Инфо +

Фонд за здравство бара сликар или вајар за советник на директорот за 34.000 плата

Published

on

Фондот за здравствено осигурување пред четири дена објави јавен конкурс за вработување на советник за административна поддршка на директорот на институцијата, со завршено образование ликовна уметност.

Во посебните услови кои треба да ги понуди кандидатот, е наведено дека треба да поседува „ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавна управа и администрација, Ликовна уметност, Oрганизациски науки и управување (менаџмент)“.

Согласно годишниот план на институцијата за 2020 година, пак, предвидено е вработување на еден Албанец или Албанка. Платата изнесува 34.448,00 денари, објави Денешен.

На социјални мрежи веќе има реакци дека работното место е веќе пополнето…

Балкан

Посилен земјотрес ја погоди Грција

Published

on

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција околу 17:30 часот.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 2 километри, на 33 километри северозападно од Патра.

Граѓаните велат дека земјотресот траел многу долго и бил почувствуван многу силно.

Засега нема информации за материјална штета.

Continue Reading

Македонија

Поранешен градоначалник на Благоевград издал 246 лажни адреси на Македонци

Published

on

Поранешниот градоначалник на село Рилци , Благоевградско – Живко Чукарски , ја призна вината и склучи спогодба со Окружното обвинителство во Благоевград за сторено документирано кривично дело поврзано со незаконско регистрирање на државјани од Република Северна Македонија.

Истрагата утврди дека Чукарски изготвил и потпишал 246 потврди за постојана адреса на живеење за македонски државјани , без тие всушност да бидат присутни во селото или да ги достават потребните документи за регистрација на адресата.

Во периодот 2016-2019 година, во селото Рилци биле регистрирани над 4.000 македонски државјани . Според истрагата, дел од регистрациите на адреси се вршени на непостоечки адреси, па дури и на празни полиња без достапни згради.

Иако голем дел од фиктивно пријавените македонски државјани веќе се одјавени од селото Рилци , проблемот со лажните адреси во регионот продолжува. Во соседното село Бело Поле се уште има повеќе од 10.000 македонски граѓани , кои мештаните никогаш не ги виделе.

Continue Reading

Македонија

Македонски лекари херои: Спасуваа животи по нападот во Германија

Published

on

„Горди со Д-р Златко Станковски и Д-р Владимир Митевски“ – вака гласи известувањето од македонската амбасада во Германија по несебичната помош што овие двајца македонски доктори го направија за да им помогнат на повредените по синоќешниот напад во германскиот град Магдебург, кога Саудиец со автомобил влета во толпа луѓе кои присуствуваа на новогодишен пазар.

„Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора“ – велат од македонската Амбасада во Германија.

Најмалку пет лица загинаа вклучувајќи и дете во вчерашниот напад на божиќниот пазар во Магдебург, Германија.

Според градските власти повредени се околу 200 лица.

Лицето кое влета со автомобил на саемот во толпа луѓе е приведено.

Гувернерот на покраината истакна дека осомничениот е доктор од Саудиска Арабија кој живее во Германија од 2006 година.

Извор: 24инфо.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк