Mакедонските вина и руската салата стигнаа до Њујорк Тајмс

Габриела Хамилтон повеќе од две децении го води познатиот ресторан Prune во Њујорк и е една од најпознатите готвачи ширум светот.

Покрај многубројните признанија, таа е и добитник на најголемата американска награда за кулинарство “James Beard”, а е и авторка на два бестселера.

Но во 2021та таа решила да пишува за гибаницата и руската салата.

“Српскиот ресторан од Седмата Улица, од источна страна на долни Менхетен е место до кое не можете да стигнете со метро. Лоциран на агол од зграда, каде продира мека светлина се наоѓа место по име Кафана”, пишува Габриела.

Сопственикот на кафаната Владимир Ококосиќ е професор по внатрешен дизајн. Тој го отвора овој ресторан со оправдување дека неговите домашни забави станале преголеми.

Поддршка му дала неговата сопруга Маша Дакиќ, која по професија е актерка.

-Нашиот стан во Њујорк е многу мал. Па така кога ќе имавме слава или роденден многу од нашите гости требаше да чекаат пред врата додека некој не замине за да се отвори простор друг да влезе, вели Владимир.

Месо на скара, свежи кобасици и салата од кисели краставици, домат и лук…ова е само дел од менито во Кафана. Сите вина се од сортата грозје од далматинскиот бреги како и од планинскиот дел на Словенија, Македонија, БиХ и Црна Гора, стои во текстот.

-Голем дел од вината имаат етикети на кирилица па бев приморана да побарам помош за да одберам од кое да се напијам, пишува Габриела.

Впрочем, Кафана има капацитет да услужи 36 гости, но уште од отворањето во 2008 година местото е преполно, а дел од гостите чекаат ред и надвор.

-Имам пријателка која е со потекло од Хрватска и таа живее на само два блока од овој ресторан. Која ја откри Кафана ми кажа дека таму се чувтвува како дома. Според неа, живата музика секој петок ја прави да се чувствува како да седи во некоја кафана во Дубровник и пие ракија со своето семејство, пишува Габриела.

Поради пандемијата, забавите во Кафана се стопирани но ресторанот работи и достава.

Сите оние кои сакаат да пробаат руска салата можат да го направат тоа на масите и столчињата поставени во дворот на Кафана. Впрочем, според Габриела оваа салата е омилена на различни народи кои живеат во Њујорк. Од Руси, Турци или Шпанци….

-Основата на салата се состои од компири, моркови, грашок, тврдо варено јајце, кисели краставички и мајонез. Понекогаш се додава и пилешко. Јас не можев да прекинам да ја јадам. Колку е убава, вкусна и свежа, пишуваа таа.