Со овие постапки трошите повеќе пари, а не сте свесни

Повеќето луѓе не се ни свесни дека на секој чекор прават непотребни трошоци за кои со само малку размислување и планирање, може да се пренасочат на нешто покорисно.

Еве 7 такви начини на кои губите пари без да знаете:

Ја плаќате целата цена на производите

Со производи што се продаваат секој ден во маркетите, сосема е бесмислено да се трошат пари за плаќање на целата цена на намирниците, или кој било друг производ. Следете промоциите и попустите и паричникот ќе ви биде подебел.

Плаќате премногу банкарски такси

Ако често повлекувате пари од банкомати кои не се од вашата банка, но и  ако земате извештај за состојбата на сметката од банкоматите, ако побарате изјава за сметка од банка и ако плаќате сметки во банка, а не преку Интернет, ќе останете непотребно губите сресства  кои може да ги заштедите. Денешната технологија ви овозможува проверка на сметка и плаќања  кои можат да ве ослободат од овие трошоци.

Не купувате однапред

Најлошото време да се купи зимско палто или чизми е зимата. Најлошото време да се купи костум за капење е во средината на летото. Овие работи може да ги купите надвор од сезона, бидејќи тогаш тие се неспоредливо поевтини.

Трошите премногу на храна во рестораните

Ако порачате или јадете оброк во ресторан секој ден, ќе потрошите многу повеќе пари отколку да ги подготвувате тие оброци дома. Секако, ако не знаете да подготвувате тајландска храна, и навистина сакате да јадете, излезете надвор, но не секој ден и ќе заштедите многу пари.

Ги прескокнувате  „Happy Hour” понудите

Овие периоди на намалени цени и специјални попусти што се повеќе ги практикуваат рестораните се добар начин да заштедите пари со купување оброци или пијалоци по намалени цени.

Ги оставате вклучени уредите

Многумина дури и не знаат дека полнач вклучен, апарат за кафе што не е целосно исклучен или заборавена сијалица троши електрична енергија што на крај добивате поголема сметка. Затоа, исклучете ги сите апарати кога не ги користите, а особено кога го напуштате домот.

Купувате намирници додека сте гладни

Ако намирниците ви се секогаш вишок, а фрижидерот  нефункционално преполн веднаш по купувањето, веројатно сте купувале гладни, па сте го земале она што го барале вашите очи, а не мозокот. Затоа, кога одите да купувате намирници, не заборавајте да јадете нешто претходно и сметката ќе ви биде помала.