Сообраќајната (не)култура ли предизвикува хаос во Скопје, 198 казни за паркинг само во Центар

И во зима и во лето – сообраќаен хаос владее во главниот град. Виновни и возачите и пешаците. Ќе се подобри ли некогаш сообраќајната култура во главниот град? 

Сообраќајна некултура, непочитување на прописите, неправилно паркирање и недостиг на полицајци се дел од сообраќајниот хаос во Скопје. 

Во текот на изминатава недела од 8 до 14 февруари на подрачјето на скопската општина Центар казнети се вкупно 198 непрописно паркирани возила, соопштија ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар. Тие го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 102 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 96 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во инфорамцијата.