Браво за Македонците кои со велосипеди го искачија највисокиот врв во Африка

Тројца Македонци, Лазо Миновски, Никола Нешкоски и Иља Деревјев направија неверојатен подвиг, со велосипед ја искачија највисоката планина во Африка, Килиманџаро во Танзанија.

Предизвикот беше завршен утринава кога го искачија највискиот врв во Африка, Ухуру кој е висок 5.895 метри.

Миновски, Нешкоски и Деревјев, својот поход, со кој станаа единствени Македонци кои со велосипеди се искачиле на највискиот врв во Африка, го започнаа на 14 февруари од градот Аруша, кој се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри.

Последната етапа од 1.195 метри ја започнале на полноќ по локално време, а ја завршиле за пет часа и триесет минути.